ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дали претседателката Силјановска Давкова, „доследна на својата недоследност“, се врти кон мултиполарниот свет на Путин?

August 22, 2024 07:53
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
. Фото: Фејсбук страна на Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова

. Фото: Фејсбук страна на Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Претседателката Силјановска Давкова бара експерт за евроинтеграции и експерт за глобализација, бидејќи, како што изјави: Се што правиме е враќање назад, во Европа, каде што ни е местото… и глобализацијата не е веќе само американизација, туку мултиполарен свет, гледаме.

Во една изјава, претседатлката на Северна Македонија, и врховен командант на армијата, која е членка на НАТО и чиј најголем стратешки партнер се САД, успеа како приоритетни цели на државата, на евроинтеграциите да ја додаде мултиполаризацијата, наспроти „апсолвираната“ американизација, вокабулар кој како да го имаат напишано врвните пропагандисти од Кремљ, или е во најмала рака инспириран од изјавите на Путин, служејќи се со речиси исти конструкции.

Во услови на брзо менување на глобалниот пејзаж, мултиполарниот светски поредок официјално е тука, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Советот на шефови на држави на ШОС во главниот град на Казахстан Астана, и додаде дека денес, додека светот минува низ брзи и неповратни промени, многу е потребна проактивна позиција во меѓународните работи. Мултиполарниот свет е веќе реалност“.

Ваквите нејзини изјави и не се чудо, ако се земе предвид дека за советник го има Жидас Даскаловски, за кого главното прашање во одност на руската воена агресија врз Украина, е „до каде може Русија да дозволи САД да се шири на исток“, додека во интервјуто во емисијата „Трилинг“, со чудни формулации пробува некако да ја оправда руската агресија, велејќи дека целта на Русија е да нема закана од страна за нив од земја потенцијална членка на НАТО, и откако тоа не го добила ниту од Вашингтон, ниту од Брисел, ниту од Зеленски“., за да констатира дека:

„Европа е целосна издоминирана од САД во безбедносна смисла“

Иако претходно, претседателката Сиљановска Давкова на средбата со амбасадорката на САД, Анџела Агелер, заблагодарувајќи се за севкупната поддршка од САД  ја истакна подготвеноста за натамошно продлабочување на македонско-американското пријателство и меѓусебна поддршка во насока на реализирање на македонските надворешно-политички цели, и во тој контекст, претседателката истакна дека како стабилен партнер и докажан сојузник на САД во НАТО Алијансата, остануваме фокусирани на заедничките определби за безбедност, слобода и демократски просперитет, со активно учество во заедничките активности во борбата против тероризмот и другите закани врз мирот во светот, со оваа изјава како да внесе конфузија околу определбата за иднината на земјата.

Се чини дека претседателката, како и партијата која ја кандидираше, е „доследна на својата недоследност“. Сега таа, под влијание на своите советници, како да се врти кон идејата за мултиполарност која ја промовира Путин преку соработка на БРИКС и Шангајската организација како столб на новиот светски поредок во подем, кои ќе служат како движечка сила зад глобалните развојни процеси и напорите за обезбедување вистинска мултиполарност.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Цивили Медиа
Next Post

Арсовска и Мицкоски си префрлаат одговорност за Скопје, се очекува презентирање на планот за излез од кризата

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk