ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Зголемен број заболени од Ковид-19, надлежните со апел да се почитуваат препораките

August 22, 2024 10:04
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во државава е евидентиран раст на заболени од Ковид-19, а надлежните апелираат да се почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести. Од 12 до 18 август регистриран е 271 нов случај на коронавирус, според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), што претставува зголемување од 60.4 отсто во однос на претходната недела.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ во изјава за МИА рече дека засега, состојбата со Ковид-19 не е алармантна кај нас и нема простор за паника кај граѓаните.

– Треба да се почитува куќниот ред за посета на здравствените установи. Да се вакцинираат сите лица кои имаат над 65 години и хронични болести, тие се со зголемен ризик за да развијат тешка форма на болеста или да има смртен исход. Установите што веќе ќе тестираат пациент кој има лесна симптоматологија, позитивен на Ковид-19, да обезбедат услови за изолација, со цел да продолжи да се третира основното заболување поради што е хоспитализиран на соодветната клиника, нагласи Мехмедовиќ за МИА.

Таму каде има зголемена фреквенција на луѓе, треба да се користат заштитни маски, како и често да се проветруваат просториите.

Доколку некое лице е позитивно на коронавирус, а нема изразена симптоматологија, како што посочи Мехмедовиќ, може да се движи со маска. Односно, нема изолација на пациенти.

Мехмедовиќ информираше дека засега, пациентите претежно се лекуваат амбулантски.

– Нема зголемување на тешките респираторни инфекции што се следат редовно од Институтот за јавно здравје, не се зголемува бројот, нема пораст. Тоа ни укажува дека немаме тешки клинички форми на болеста, рече портпаролот на Комисијата за заразни болести.

И министерот за здравство Арбен Таравари на вчерашната прес-конференција, повика да се почитуваат препораките од здравствените власти.

– Има пораст на бројот на регистрирани со Ковид во државава, имаше состанок и Комисијата за заразни болести и имаме заклучок од нив како треба да се третираат – треба да се придржуваме на правилата – отворени простории, да нема повеќе луѓе на исто место, хигиената да се запазува. Меѓутоа, пациентите кои се третираат на клиниките од одредена болест, а во меѓувреме се инфицираат и со Ковид, препораките се да продолжат со лекување во истата клиника, конзилијарен инфектолог да даде препорака за дополнителна терапија доколку треба. Повеќето пациенти очигледно го поминуваат асимптоматски или со многу лесна форма на симптоми, рече министерот на прес-конференција.

Од 12 до 18 август, регистрирани биле заболени лица во општините од 17 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 152, Кавадарци – 25, Тетово – 23 и од Охрид – 22, според податоците на ИЈЗ. Највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најголем број случаи пријавени се во возрасната група над 60 години.

– Во текот на минатата недела, пријавено е едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Се работи за лице на возраст над 60 години, со коморбидитети, невакцинирано со вакцина против Ковид-19, појаснуваат од ИЈЗ.

Заклучно со 18 август, пријавени се вкупно 351.364 случаи на Ковид-19, од кои 23.245 реинфекции.

– Регистрирани се 167.343 машки и 184.021 женски заболени лица. Најголем број заболени се на возраст над 60 години – 90.796, додека највисок морбидитет (26.333,6/100.000) се регистрира кај возрасната група од 30-39 години, пишува во извештајот.

Првиот случај на коронавирус во земјава беше регистриран на 26 февруари 2020 година.

Next Post

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ потфрли во сите ветувања, досега има загубено 100.000 гласови

Shortcut

Најново

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk