Амбасадата на Република Украина денеска од 11 часотсо пригодна свеченост близу споменикот на Тарас Шевченко во центарот на Скопје, ќе го одбележи 24 Август – Денот на независноста на државата.
Како што соопштуваат од Амбасадата, предвидена е симболична поворка со знамето на Украина до Украинската алеја, по што ќе се обратат вршителот на должност амбасадор на Украина во Република Северна Македонија и претставникот на Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“.
Посетителите ќе можат да ја погледнат и изложбата со цртежи изработени од деца од регионот Никопол, кој беше цел на руската агресија.
На 24 август, Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста на Украина. Тој е основан во чест на исклучителен историски настан – усвојувањето во 1991 година од страна на Врховната Рада на Украинската ССР, со апсолутно мнозинство гласови, на Актот за прогласување независност на Украина. Овој документ ги круниса илјадагодишните аспирации на Украинскиот народ да има своја суверена држава и самостојно да ја одредува својата судбина.