ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За Законот за младински стандард студентите ќе треба да причекаат, вели министерката Јаневска

August 25, 2024 10:44
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ

Министерството за образование и наука позитивно одговорило на две од трите барања кои Универзитетското студентско собрание (УСС) на Скопскиот универзитет му ги достави пред два дена. Министерката Весна Јаневска вчера изјави дека нив ги решиле „експресно, во рок од еден ден“, а за третото е потребно извесно време.

На барањето на УСС на УКИМ да се продолжи рокот за аплицирање за студентски оброк и по 5 септември, за да може да аплицираат и студентите бруцоши односно да не мора да конкурираат за ова право еден месец подоцна, Јаневска рече дека и студентите кои годинава се запишуваат во прва година, исто така, ќе може да аплицираат до рокот утврден со повикот, 5 септември.

-Јас ги повикувам сите бруцоши кои се надеваат дека ќе стекнат статус на студенти, да го искористат овој повик и да си аплицираат. Мечирањето ние ќе го направиме на 20 септември и сите што ќе имаат статус на редовен студент, ќе си добијат студентски оброк, рече Јаневска по посетата на ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром.

Исполнето е и барањето на студентите за оние што завршиле три години додипломски студии да имаат право да аплицираат за стипендии за втор циклус студии.

-Ние тоа веднаш го решаваме и на тој начин ја укинуваме дискриминацијата која тие ја имале во однос на другите студенти, рече Јаневска.

За барањето на УСС на УКИМ да се усвои Законот за младински стандард т.е. да се поднесе предлог иницијатива за усвојување на веќе планираниот закон, министерката одговори дека на тоа ќе треба да причекаат извесен период.

-Затоа што треба да го погледнеме и ние, да го усогласиме со нив и се надевам дека во најскоро време и тоа ќе го завршиме, додаде министерката.

Во однос на субвенционираниот студентски оброк, за кој електронското аплицирање е во тек од 15 август до 5 септември, и дали ќе има покачување на дневниот износ од 140 денари од оваа академска година, Јаневска одговори дека во буџетот за следната година ќе биде предвидено зголемување на износот.

-Не можам во овој момент со сигурност да кажам колку ќе биде, но во следната година студентите секако ќе имаат покачен студентки оброк, рече Јаневска.

Во врска со ревизијата на работата на факултетите (државни и приватни), за што во фаза на формирање е посебно владино тело за кое е надлежно МОН, министерката посочи дека сите високообразовни установи ќе треба да претрпат промени во организацијата на нивната целокупна работа, вклучително и студиските програми.

Како што рече, со силни напори успеале да обезбедат средства до крајот на годинава да бидат направени неколку евалуации на високообразовни установи.

Доколку се утврди неправилно работење и ако некој факултет биде затворен, студентите што таму се запишани ќе бидат префрлени на други факултети  што законски работат и не треба да стравуваат за нешто што не зависи од нив.

Со оглед дека има 134 високообразовни институции, дека Државниот просветен инспекторат не е кадровски добро екипиран и му треба зајакнување, ќе бидат формирани комисии во МОН, а со оглед и на планираните средства, целиот процес на ревизија на работата во високото образование, рече Јаневска, ќе трае од една и пол до две, а можеби и две и пол години.

-Веќе имавме средба со неколку ректори и сите со кои разговаравме се согласни дека треба да се направат реформи во високото образование. Но, тоа е процес. Не може министерот, и не треба, со декрет да носи одлуки, сепак ние треба да ја почитуваме и академската слобода. Го формираме тоа времено тело за реформи во високото образование каде што ќе учествуваат исклучително стручни лица со помош на секторите на МОН. Почнуваме со сеопфатна реформа – анализа на студиските програми, укинување на дел од нив во договор со универзитетите и факултетите, модернизирање на наставните програми…, рече Јаневска.

Tags: ЈаневскаУКИМ
Next Post
Париз. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Во Париз уапсен Павел Дуров - директорот на Телеграм

НАЈНОВО

Започнува 22. Меѓународeн салон за стрип „Велес 2025“

August 20, 2025

Салах е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата по рекорден трет пат

August 20, 2025
Фото: МИА

Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата на Полска со Украина

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk