ЗОРАН ИВАНОВ
Денеска ден на украинскиот народ, триесет и три години независност на неговата држава, чествување во организација на украинската амбасада во Скопје, чест голема направи па и знамето украинско го носеше и премиерот Мицкоски, го држеше едниот крај на речиси 30 метарскиот украински сино жолт бајрак, го придржуваше на чело на знаменосечката колона од паркот Жена борец па двесте, триста метри натаму до украинската алеја каде се одржа свечената церемонија и, и, и поентата на оваа една реченица е дека овој настан не го објави ниту една македонска национална телевизија иако на местата на чествувањата беа сите камери на сите телевизии и снимаа, снимаа, вредните камермани трчаа да ги фатат сите агли и сите тонови но од тоа на екраните на нивните телевизии денеска на денот на случувањето ништо, ниту слика ниту збор па оттука и чуденката кој тоа и од какви тоа побуди ја даде наредбата за медиумскиот, попрецизно, за телевизискиот молк за присуството на македонскиот премиер на украинскиот настан, кој тоа и од кого од јавноста сака да ја сокрие неговата активност таму и која е таа моќ и од кои побуди ги замолкна македонските национални телевизии да го објават премиерското присуство на украинскоте чествување и тоа во истиот овој ден кога истите телевизии неговото присуство го регистритаа и го прикажаа на неколку други, нека е субјективно, ама безвезни настани и, на крај, кој е тоа моќен центар кој во миг замолча пет, шест национални македонски телевизии и ова, секако, не е прашање туку само сомнеж дека пак нешто, со македонската демократија и со медиумска слобода, интересно се случува, дека Македонија пак постизборно како да влегува во нов режим против кој, галиба, ќе треба пак шарена или овојпат некаква еднобојна.