ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Депопулизација на Западен Балкан: Константен пад на бројот на населението, надежта за влез во ЕУ треба да ги охрабри земјите да го спречат одливот на мозоци

August 26, 2024 16:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Светското население веројатно ќе го достигне својот врв во текот на 21 век. Според извештајот на Обединетите нации „Перспективите на светската популација 2024“, се очекува светското население да расте во наредните 50 до 60 години, достигнувајќи околу  10,3 милијарди луѓе во средината на 2080-тите, што е повеќе од 8,2 милијарди во 2024 година.

Во самиот извештај се издвојуваат неколку клучни фактори кои влијаат на светската демографија: еден од четири луѓе на глобално ниво живее во земја чие население веќе го достигна својот пик, жените денес раѓаат едно дете помалку, во просек, отколку околу 1990 година, по Ковид-19, глобалниот животен век повторно се зголемува, главниот двигател на глобалното зголемување на населението до средината на векот ќе биде моментумот создаден од растот во минатото, до 2080 година, лицата на возраст од 65 или повеќе години ќе ги надминат децата под 18 години, за некои популации, имиграцијата ќе биде главниот двигател на идниот раст, родовата еднаквост и зајакнувањето на женските права влијаат на  брзиот раст или пад на населението.

Што се однесува да Западен Балкан до 2050 населението ќе се намали за околу 3 милиони жители. Во Северна Македонија од 1.836.000 жители ќе се намали на 1.519.000, што е пад од 17,3 отсто. Најголем пад во бројки се предвидува за Србија, додека процентуално гледано најголемо намалување на жителите ќе има во Босна и Херцеговина и во Албанија.

Вакви предвидувања, со фокус на Западен Балкан има и Институтот Жак Делор, во чија студија од 2023 година се вели дека во последните триесет години, земјите од Западен Балкан изгубија значителен процент од своето население. Без разлика дали во Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија или Косово, сите земји страдаат од намалување на населението, во помала или поголема мера.

„Во повеќето случаи, овој тренд на депопулација се должи на двојната негативна природна и миграциска рамнотежа. Овој тренд не покажува знаци на забавување и може, според изгледите на населението, да продолжи и во следните неколку децении. Ова би можело дополнително да го оптоварува развојот на регионот кој станува се посиромашен и кога младите луѓе и работната сила се движат во странство. Може дури и да се надополни како што расте надежта за влез во Европската унија. Пописи се спроведуваат ретко и редовно се случуваат по политички борби во врска со соодветната рамнотежа помеѓу различните етнички и национални заедници, се вели во извештајот на Институтот Жак Делор.

„Доживувајќи и пад на наталитетот и неконтролираното иселување, Западен Балкан се соочува со голем пад на населението. Ситуацијата може целосно да се промени во Западен Балкан, но се потребни реформи спроведени успешно и доколку стопанството обезбедува доволно вработување и надежи за развој да го спречи одливот на мозоци. Надежта за влез во ЕУ треба во во меѓувреме да го поттикне Западен Балкан да се усогласат со статистичкото сметководство, правила за број на вработени и попис. Исто така би можело поттикнување на слободното движење на идеи, добри практики и модернизација на начинот на живот“, се заклучува во Извештајот на Жак Делор.

Според Државниот завод за статистика на Северна Македонија, во „Проекции на населениот во Република Северна Македонија до  2070 година“,  набљудувано по проекциски варијанти, населението на земјата, од појдовните 1.832.000 во 2022 година, до крајот на 2070 би се движело во интервал од 501.200 (константна варијанта), до 1.485.700 (варијанта без миграции).

„Актуелната старосна структура, ниските репродуктивни норми на населението, старосниот модел на морталитетот и општествено-економските прилики кои поттикнувачки делуваат на иселувањето од земјата, се само некои од поважните чинители кои одлучувачки ќе дејствуваат на демографскиот развој на Република Северна Македонија во наредниот половина век. Резултатите од анализираните проекции на населението укажуваат дека во догледно време тешко може да се очекува подобрување на демографската состојба во земјата која и во иднина ќе биде одбележана со намалување на населението и негово многу интензивно стареење,“ се вели во ИЗвештајот на ДЗС.

Решението кое се нуди за да се спречи констатноот намалување на населението, ДЗС го гледа во  забрзувањето и успешното спроведување на економските и општествените реформи, како и завршувањето на процесот на европска интеграција, преземање на долгорочни секторски политики, , да се врши постојано прилагодување на здравствените политики, воведување политики за стареењето на населението во сите области, а особено спроведување на активни политики за миграциите, не само фокусирани на проблемот со емиграцијата, туку сѐ повеќе и на аспектот на доселувања од други земји, како најзначајна демографска компонента, би можело да ги ублажи неповолните демографски трендови во иднина.

Подготви: Б. Ј. / Цивил Медиа

Next Post

Вучиќ: За Северина мислам сè најлошо, ама тоа што ја држеле два часа на граница е глупаво

Shortcut

Најново

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk