ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Власта боледува од „Синдромот Кејџ“

September 1, 2024 13:02
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Специјално за Првата линија

Фајнс Кејџ работел на железница. Со помош на еден метар долга метална шипка бутал барут во една дупка во карпата кога искра го запалила барутот. Од ударот на експлозијата, шипката ја пробила  јагодичната коска на Кејџ, минала низ мозокот и излегла низ темето.

Фајнс преживеал, а перцепцијата, паметењето, јазикот и моторичките функции му останале негибнати.

Но, Кејџ, сепак не останал стариот Кејџ. Шипката дословно го претворила во друга личност: љубезниот, одговорен и амбициозен човек, се претворил во неодговорен грубијан.
Се случило така што шипката му го пробила вентомедијалниот префронтален кортекс, дел од мозокот над очите за кој денеска се знае дека учествува во расудувањето за другите луѓе. Заедно со другите подрачја на префронталните делови и лимбичниот систем (седиштето на емоциите) тој ги предвидува човековите постапки и го одбира однесувањето кое е во согласност со неговите цели.

Ја раскажувам оваа вистинита американска приказна од деветнаесеттиот век за да прашам:
Дали ние сме пропуштиле да забележиме кога метални шипки минале низ главите на голем број вморони или во Македонија живеат голем број Кејџови кои својата трансформација од помалку или повеќе нормални луѓе во неодговорни, бесчувствителни грубијани и манијачни злоставувачи на општото добро, го постигнале неинванзивно, можеби со помош на некои бајачки, на будистичка скромност, на индиската медитација или на комбинираната моќ на стравот, парите и илузиите?

Не гледам никакви траги на лицето на Мицко или на неговото теме. Добро, денеска трагите од метална шипка која прелетува низ главата како руска ракета низ украински трговски центар, можат да се испеглаат кај првиот козметички хирург, но мислам дека тој не е жртва на таква несреќа. А сепак неговиот однос кон луѓето и кон стварноста е пореметен. Не е нормален дури и кога нормалноста би ја третирале максимално развлечено и лабаво во смисла на критериумите.

На што се должи тоа континуирано и посветено растурање на македонската супстанца таложена со децении?

И игнорирањето на сите забелешки и добронамерни укажувања?

Ставот за предавниците кои и покрај своите натчовечки напори никако не успеваат да ја продадат последната вреќа македонски компири.

Комичната камуфлажа на настојувањето од Албанците да направи политички Македонци, со рамноправност со која нема да ја доведат во прашање сопственоста на државата на етничките Македонци.

Или инсистирањето на нови преговори со Бугарија која тоа го одбива и фино укажува дека со таква политика премиерот ќе ја заглави Македонија во историскиот ендек.

Или отсуството на каква било политика која не е врзана со шалтерското работење на касата на државата.

Или со ништо предизвиканото признание дека му било понудено мито за коридорот осум.

Нели е тоа последица на “Синдромот Кејџ”?

Дури и фактот што не го зел митото. Па во гепекот на некој “Москвич”-правац Екатеринбург.
Или Камчатка.

Или, да ја земеме претседателката на Нашата земја. Каква шипка има поминато низ нејзината глава кога цело време се занимава со теориски концепти кои кон стварноста се однесуваат како  птичјо говно врз шампонската маса во косата на Македонија. Башка смешните цупкави протоколи, карикатуралните тоалети и измачената фаца која сугерира дека шипката, можеби, не и поминала низ мозокот, туку само ја треснала по главата.

Да ја ставиме на ренген министерката за оразование Весна Јаневска. Што мислите кои се причините за нејзините неизмерни количества незнаење на материјата со која раководи. Или е тоа знаење кое има за цел деградација на образиванието како една од клучните определби на нејзината злосторничка инсталација уште од времето на Груевски. Како најважен аспект на проектот за мочање врз акварелот на македонската национална супстанца и самосвест. Нема пари, нема учебници, што значи нема да има наставници или ќе има ама на часовите ќе одат со фурки за предење на волна или со игли за хеклање. На таблата ќе пишува: “Македонија од три дела пак ќе биде цела!”

Или некоја слична вморонска идиотштина.

Кејџијанска психосоциопатолигија од органски праисход.

Целиот состав на сите ешалони на власта е направен од мали македонски и албански, се разбира, кејџи на кои метална шипка им поминала низ мозокот или го оштетила така што ги треснала по главите.

Знае ли некој што прави Муу Цунски.

Можеби е уште на интензивна нега.

Лигњата не излегува од козметички салон. Свети во главата како моите кондури кога мајсторот на  „Маршал Тито“ ќе ми ги намачка со „Ималин“ од „Ведрог“ Љубљана, па ќе ги светне со сомотната крпа.

Да беше Миле на неговото место досега ќе испреговараше 15 отсто за премиерот, но Миле беше човек од акција, а овој е обичен позер, демагог и шминкер.

А сеедно смрди како и обичен говњар.

Го остава својот шеф сам да се грижи околу митото.

Но, да не ја должиме.

Единствен начин да се спасиме од нашите кејџови е употребата на нова шипка.

Или на старата со која се претворени во монструми.

Ако не е премногу оштетена од судатот со нивните глави

Барут не е нужен.

Да се надеваме дека некои избори ќе завршат работа.

Или ќе треба самите да појдеме да полниме со барут некоја дупка со помош на железна шипка.

Хахаха!


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post

(ВИДЕО) Филипче, СДСМ: Власта има пари за нови министерства, армија партиски вработувања, луксузирања со скапи авионски карти, измислување нови директорски места - нема пари за наставниците

Најново

Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

May 7, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026
Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk