ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кузеска: По 40 години кадрите на ВМРО-ДПМНЕ ја доведоа во прашање работата на Детската клиника Козле

September 5, 2024 13:01
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА

– Функционирањето на единствениот Оддел за бронхоскопија во државата, кој се наоѓа тука во Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“, е доведено во прашање после 40 години. Само поради непромислените и погубни одлуки на новата директорка, Каролина Симоновска, кадар на ВМРО ДПМНЕ, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа нагласи дека „врвни специјализирани доктори за бронхоскопија, водејќи се од  морална и етичка свест, си дадоа оставки  поради одлуката на директорката Симоновска да не дозволи набавка на потребните материјали,  апаратчињата „баскет“, во потребниот број“.

„Дополнително, шест члена од новиот тим за бронхоскопија, исто така поднеле барање до директорката Симоновска да бидат изземни од извршување на работата.

Апаратчињата „баскет“ се неопходни за извршување на интервенциите за безбедно вадење на залетнат предмет во дишните патишта кај малите деца.

Симоновска сакала да го раскине и договорот со  анестезиолозите.

Директорката Симоновска треба да одговори, дали се точни информациите дека вработените на клиниката трпат мобинг?

Дали е тоа е уште една од причините за распад на овој оддел кој работи над 40 години?

Во моментов на одделот за бронхоскопија  нема ниту тум, ниту материјал, што го става под директен ризик здравјето и животот на децата на кои ќе им е потребна ваква интервенција.

Директорке Симоновска, да Ве потсетиме, Вие пред сѐ сте доктор кој положил заклетва, кој се обврзал дека ќе се грижи за здравјето на граѓаните. Во ваши раце е здравјето на нашите најмили.

Клиниката „Козле“, не е ниту  приватна фирма, ниту партија! Здравјето на децата нема цена и нема партиска припадност !

Вашите одлуки се тотално неодговорни и опасни по здравјето на децата и треба да бидат променети!

Бараме кадрите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да ја вратат во функција детската клиника Козле и директорката да понесе одговорност“, истакна Кузеска.

Tags: Богданка КузескаДетска клиника Козле
Next Post
Фото: Општина Струмица

Костадинов ги награди струмичките пожарникари со по десет илјади денари, бесплатен паркинг и градски превоз

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk