ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Нема образовни асистенти во училиштата, министерката Јаневска вели училиштата не распишале навреме конкурси

September 5, 2024 16:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кој е виновен што учениците со потешкотии сè уште немаат образовни асистенти во училиштата? Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека МОН ја заврши својата работа, а училиштата со ресурсни центри го распишуваат конкурсот за ангажирање асистенти. СДСМ ја обвинуваат Јаневска за неодговорност и немање емпатија.

„Втор ден од учебната година а родителите на децата со потешкотии се се повеќе гневни затоа што и денес нема образовни асистенти. Нивните деца се дискриминирани на почетокот на учебната година! Наместо во училишните клупи, седат дома бидејќи министерката за образование, Весна Јаневска, не ја заврши навреме постапката за вработување на образовните асистенти“, изјави вчера Весна Баковска од Комисија за образвание на СДСМ.

Таа истакна дека „родителите се во агонија како да ги организираат секојдневните обврски бидејќи нивните деца не може да следат настава, а министерката наместо да покажае разбирање и емпатија, ја лаже јавноста дека проблемот ќе биде решен деновиве“.

„Процедурата за вработување на образовните асистенти започна пред неколку дена и ќе трае цел септември, што значи дека децата со посебни потреби од настава ќе изгубат месец дена. Уште поголем проблем ќе биде ако по месец дена добијат нов асистент кој ќе треба да го прифатат и да се прилагодат. Весна Јаневска да престане да лаже! Зема над 115.000 плата! 3,5 пати поголема плата од наставниците и професорите, и требаше со време да мисли на децата со потешкотии и на нивните семејства пред почетокот на учебната година!“, изјави Баковска.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, порача дека децата со попреченост имаат и ќе имаат асистенти.

Таа посочи дека Министерството ја заврши својата работа, а училиштата со ресурсни центри го распишуваат конкурсот за ангажирање асистенти

Веќе се обезбедени 815 асистенти, а за 200 асистенти чекавме ребаланс на буџетот за да ги обезбедиме средствата. Министерството за образование и наука (МОН) ја заврши својата работа, а училиштата со ресурсни центри го распишуваат конкурсот за нивно ангажирање, рече Јаневска.

-Тие требаше да планираат кога да го распишат конкурсот, кога да ги објават конкурсите во весниците, зашто слушам дека велат оти МОН требало да им каже кога да ги објават конкурсите. Зошто поставуваме директори на училишта ако не си ги знаат своите основни обврски, рече Јаневска во одговор на прашање при денешната посета на скопската компанија „КАЗ груп“ каде се спроведува практична работа за дуално образование.

Денеска, како што кажа, се потпишуваат договорите со 815 асистенти, а конкурсот за 200-те асистенти е во тек.

-Апелирам до родителите, до раководствата на училиштата и до наставниците дека ниедно дете не смее да седи дома. Сите мора да бидат примени во училиштата. Има наставници, има инклузивни тимови, има психолози, педагози, дефектолози, некаде има и социолози – тие треба да се подготвени да ги примат децата. Асистенти ќе има и овој пат ќе бидат во поголем број од претходно. Наредната година ќе има уште поголем број ако има потреба, посочи Јаневска.

Ј. Ѓ.

Tags: Јаневскаобразовни асистенти
Next Post

Судскиот совет го усвои извештајот за Рамадани: Определен е куќен притвор без да се наведат различни причини од оние кога бил определен притвор

Најново

ВОЛК ЗАЛОВЕН ВО СКОПСКА НАСЕЛБА: Бил чуван незаконски со ремче и ланец

May 13, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 13 мај 2026: Врвен моментум и незапирлива акција

May 13, 2026

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk