Второлпасираната тенисерка на светската WTA листа, Арина Сабаленка, има поголема просечна брзина на форхенд на гранд слем турнирот УС Опен, од сите учесници и во женска и машка конкуренција, наведува Еуроспорт.
Според Еуроспорт, Сабаленка удирала форхенд со просечна брзина од 129 километри на час.
Најблиску до неа е Карлос Алкараз со 127 км/ч.
Светскиот рекет број еден во машка конкуренција Јаник Синер удирал во просек со 126 километри на час, а Новак Ѓоковиќ достигнал просечна брзина во удар со форхенд од 122 километри на час.
Американката Џесика Пегула и Белорусинката Арина Сабаленка ќе играат во финалето на последниот сезонски Грен слем турнир Ју Ес Опен во Њујорк.
Во првото полуфинале на женскиот турнир, втората тенисерка во светот Сабаленка ја совлада младата американска сензација Ема Наваро со 6-3, 7-6 (2).
Пегула во полуфиналето синоќа ја совлада Каролина Мучова од Чешка со 1-6, 6-4, 6-2.
Сабаленка по четврти пат стигна до финалето на грен слем турнирите, а досега двапати го освои Австралија опен. Ова е втор пат по ред да се најде во финалето на Ју Ес Опен каде лани загуби од локалната тенисерка Коко Гауф.
Ј. Ѓ.