Прворангираниот тенисер на АТП листата Јаник Синер во многу драматичен натпревар синоќа првпат се пласираше во финалето на Ју Ес Опен, а за титулата во Њујорк ќе се бори против 12. играч во светот, Американецот Тејлор Фриц.
Италијанецот Синер во драматично полуфинале триумфираше со 7-5, 7-6 (3), 6-2 против Британецот Џек Дрејпер.
Синер во текот на дуелот падна на зглобот на левата рака и мораше да интервенира лекар, но сепак го совлада британскиот аутсајдер, кој неколку пати повраќаше на теренот.
Синер во финалето ќе се соочи со 26-годишниот Фриц, кој по три часа и 18 минути беше подобар од сонародникот Френсис Тиафо со 4-6, 7-5, 4-6, 6-4, 6.-1, и за прв пат патеката во кариерата стигна до финалето на еден од турнирите од големата четворка.
В недела, Фриц ќе има шанса да стане првиот американски тенисер по Енди Родик пред 21 година, кој го освоил Ју Ес Опен.
Американката Џесика Пегула и Белорусинката Арина Сабаленка ќе играат во финалето на последниот сезонски Грен слем турнир Ју Ес Опен во Њујорк.
Во првото полуфинале на женскиот турнир, втората тенисерка во светот Сабаленка ја совлада младата американска сензација Ема Наваро со 6-3, 7-6 (2).
Пегула во полуфиналето ја совлада Каролина Мучова од Чешка со 1-6, 6-4, 6-2.
Сабаленка по четврти пат стигна до финалето на грен слем турнирите, а досега двапати го освои Австралија опен. Ова е втор пат по ред да се најде во финалето на Ју Ес Опен каде лани загуби од локалната тенисерка Коко Гауф.
Ј. Ѓ.