ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

KФОР: Безбедносната состојба во Косово е мирна, но нестабилна, особено на север

September 10, 2024 16:25
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Мировните сили на НАТО во Косово (КФОР) ја опишаа безбедносната состојба во државата како мирна, но нестабилна, особено во северниот дел на Косово, населен главно со Срби, известува весникот „Коха диторе“, објави МИА.

Во писмен одговор од Канцеларијата за информации на КФОР се истакнува дека НАТО спроведува независни патроли низ Косово, и тоа покрај граничната линија, како и заеднички патроли со косовската полиција и синхронизирани патроли со српските вооружени сили.

НАТО силите патролираат низ различни делови од Косово, а ова е потврдено преку нивен претставник. Во претходните недели, беа издадени соопштенија за патроли и во други градови надвор од северниот дел на Косово, посочува весникот.

Мисијата на НАТО нагласува дека патролите се доказ на долгогодишната и стабилна посветеност на Алијансата за мир и стабилност во Косово и на Балканот.

На прашањето за безбедносната ситуација по предупредувањата на косовската влада дека ќе го отвори мостот на реката Ибар во северниот косовски град Митровица, КФОР посочува дека ситуацијата е мирна, но нестабилна.

Косовската влада планира да го отвори мостот во етнички поделениот град Митровица, кој е затворен 25 години, но често беше причина за конфликти меѓу Србите на северот и Албанците на југот на градот.

„Генерално, безбедносната ситуација во Косово е мирна, но и понатаму е кревка, особено на северот на Косово. Внимателно го следиме развојот на настаните и одржуваме видливо и доследно присуство преку редовни патроли и ангажман со локалните заедници“, се вели понатаму во одговорот на мисијата.

КФОР посочи дека продолжува да работи во Косово како трет елемент за безбедносен одговор по косовската полиција и Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС).

НАТО додава дека продолжува со патролите и ја спроведува својата мисија според Резолуција 1244 на ООН.

Tags: безбедносната состојбаКосовоКФОР
Next Post

EFFIS: Годинава шумските пожари во Македонија зафатиле +90.000 хектари, 9 пати повеќе од просекот во 2006-2023 година

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk