Со евроголот на Енис Барди и голот за 2:0 на Бојан Мијовски, македонската фудбалска репрезентација ја победи Ерменија во Скопје во квалификациски натпревар од Лигата на Нации.
И покрај тоа што македонските репрезентативци останаа со играч помалку на крајот од првото полувреме, откако дефанзивецот Ѓоко Зајков беше исклучен по бизарен втор жолт картон, македонскиот капитен Енис Барди со еврогол од слободен удар во 70 минута, ги донесе македонските фудбалери во водство.
Потврдата на победата девет минути подоцна, ја осигура центарфорот Бојан Мијовски, кој умешно го совлада ерменскиот голман Цанцаревич.
Со оваа победа и освоените три бода, Македонија е на врвот од Д групата, пред Ерменија.
Во следниот натпревар во Лигата на Нации, кој ќе се игра на 10 октомври, Македонија ќе и гостува на Латвија, за потоа, на 14 октомври, да оди на гости во Ерменија.
Ј. Ѓорѓиоски