Премиерот Христијан Мицкоски, во синоќешното интервју за Алсат призна дека се сретнал со лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.
– Да, се сретнав со господинот Али Ахмети. Го пренесов моето незадоволство со дел од ДУИ, тој ги спомна неговите забелешки и слично, изјави Мицкоски во синоќешното интервју за Алсат.
Средбата Мицкоски-Ахмети е приватна и во служба на наративите и политичките агенди на Ахмети и Мицкоски, вели политичкиот аналитичар Бесим Небиу, во изјава за „Фронтлајн“.
– Приватните средби меѓу политичари најчесто не се новост, а често се случуваат надвор од очите на јавноста. Во ова време кога владее голема тензија меѓу лидерите на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, се чини дека мотивите за објавување на ваква приватна средба се затоа што служат на наративите и агендите на г. Ахмети но и на г. Мицкоски. Објавувањето на ваква нејавна средба – служи за одржување на членството на ДУИ во „кондиција“, давајќи им надеж дека партијата наскоро може да се врати на власт. Ова е од суштинско значење за мобилизирање на базата на партијата, особено во период кога ДУИ е во опозиција, позиција во која не е навикната и во која нејзината база може да се деморализира бидејќи не е на власт, изјави Небиу за „Фронтлајн“.
Според него, создавањето наратив каде ДУИ се смета за сè уште активна и релевантна на политичката сцена помага да се задржи мотивацијата на членовите и симпатизерите, нагласувајќи дека враќањето во владата е остварлива цел.
Д. Јонузи
Поврзано: