Претседателот на Владата и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска рече дека средби меѓу ВМРО – ДПМНЕ и опозициските партии имало, но тоа било во периодот кога се менувал Законот за Влада и настанало преструктуирање на ресорите. Мицкоски кажа дека имал средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети кога се менувал овој закон, односно како што беше прашан во вчерашното интервју, откако веќе бил премиер.
-Тоа не е некоја нова вест, бидејќи прашањето кое вие го поставувате е резултат на едно мое вчерашно интервју, а прашањето беше Дали откако сте премиер сте се сретнале и мојот одговор беше да, и тоа е таа средба и претходно знаеше јавноста за таква средба кога се менуваше тој Закон. Така што тоа не е нова вест, вели Мицкоски.
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вчерашното интервју на Алсат, призна дека се сретнал со лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети.
– Да, се сретнав со господинот Али Ахмети. Го пренесов моето незадоволство со дел од ДУИ, тој ги спомна неговите забелешки и слично, изјави Мицкоски во синоќешното интервју за Алсат.
Во вчерашното интервју премиерот Мицкоски не спомна дека тоа е поодамнешна средба кога се договарал Законот за Влада.
Поврзано: