МВР ги потврди сите информации кои ги објави СДСМ, јавно, на прес конференција. Се случува класична местенка за да се заштити функционер на власта, реагираат со соопштение СДСМ.
„Срамно и нечовечно вината за скандалите на границата и пропуштањето на сватовите на Гаши ДПМНЕ и Тошковски им ја калемат на полицајците кои работат на граничниот премин. За шестмина полицајци, МВР предлага постапка за утврдување одговорност. Наместо одговорност да се побара од началникот Рамука, кој ги давал наредбите, се казнуваат невини, чесни луѓе. Ова е брука и срамота. Се покажа дека Мицкоски едно зборува јавно а сосема друго прави. Додека беседи за одговорност се местат невини луѓе а Тошкоски спроведува полициско-партиска заштита за нивниот омилен началник Рамука. Ова е уште една причина Обвинителството да постапи за овој случај. Надлежното обивнителство треба да ја спречи оваа неправда и вистинските виновници да понесат одговорност“, се наведува во реакцојата од СДСМ.
Од МВР вчера соопштија дека е „расчистен случајот „Долно Блаце“, и дека е поведена дисциплинска постапка за шест полициски службеници кај кои е утврдена одговорност“.
Поврзано: