нистерството за локална самоуправа што ќе ги финансира државата. Станува збор за изградба на кружен тек на сообраќајот во централното градско подрачје, изградба на улица, реконструкција на јавна површина со партерно уредување и реконструкција на водоводна мрежа.
– Конкретно, ќе се гради кружен тек на сообраќајот што ги поврзува улиците: „11-ти Октомври“,„Кеј 9-ти Септември“ и „Кеј 1-ви Мај“, кај мостот „Табаана“. Ќе се гради дел од улицата „Победа“, од крстосницата со улицата „Александар Македонски“ до крстосницата со улицата „Павел Шатев“. Со третиот проект планирана е реконструкција на постојни водоводни линии во градската четврт „Карабдалица“, во централното градско подрачје, а четвртиот проект што го доставивме до Министерството за локална самоуправа значи реконструкција на дел од јавната површина со партерно уредување и поставување урбана опрема во централното градско подрачје кај хотел „Скопје“, изјави прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој проектите ги претстави на прес-конференција во Општината.
Во меѓувреме, се работи на нови проекти за наредната година, кога Општината како државна поддршка очекува 8 милиона евра, според бројот на жителите.
– За наредната година се предвидени 9 проекти, меѓу кои: обиколница кај селото Оревоец, уредување на влезот во градот од кај Македонски Брод, подземни контејнери, како и нова градинка во населбата „Рид“, рече Јовчески.