ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

А кој ќе одвои 5 минути да им објасни на родителите, наставниците и директорите дека нема „наши“ и „нивни“ деца (ученици)!?

September 13, 2024 16:35
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДЕХРАН МУРАТОВ

Пред почетокот на учебната година на социјалните мрежи стана вирална порака која гласеше од прилика вака: „Oдвоjте 5 минути на вашето дете да му објасните дека без разлика дали е висок, низок, дебел, слаб, црн или бел, поинаку облечен, не се помалку вредни, ниту поинакви. Научете ги да не исклучуваат никого затоа што се „различни“ итн…

Но, кој ќе одвои 5 минути да им објасни на родителите, наставниците, директорите дека нема „наши и нивни“ деца (ученици)?!

Пред некој ден една родителка се пожали дека во ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани има дискриминација врз учениците Роми од страна на одредени наставници.

„На родителска една мајка истакна дека децата (Македонци) се отпишуваат од училиштето поради „циганските деца“. Наставничката (Анкица) секогаш ги става македонските дечиња напред, а ромските дечиња позади и ги учи родителите да ги префрлуваат децата во други училници, за да остане цел клас само со ромски ученици“, изјави Емилија Исаинова за Радио Кочани, а потоа и заромската политичка партија АВАЈА.

Директорот на училиштето Глигорчо Гацевски во изјава за Радио Кочани демантира дека училиштето се претвори во „ромско“, бидејќи бројот на нивните (мисли на учениците од ромска етничка припадност) е иста во споредба со другите учебни години, односно околу 180 деца, додека се намалува бројот на нашите ученици (мисли на учениците од македонска етничка припадност).

Директорот вели дека не прави разлика меѓу учениците, но се додека ги дели на „нивни“ и „наши“ ученици и тоа во неколку наврати, поделбата е повеќе од очигледна!

Не сакам да го коментирам делот кај што директорот вели: „има одлични ученици ѝ од Ромите“.

Да потсетиме на случајот на дискриминација на малата Алара Рустемова, во истото училиште за кое известуваше ЦИВИЛ Медиа во 2019 година: „Му рече на наставникот дека и се повраќа, тој и вели ‘ај не ми прави цигански работи’, и од тој ден ќерката се плаши, постојано плаче и не сака да оди во училиште“, изјави тогаш мајката Есма Рустемова.

Или на случајот од 2023 година на Алејна Исмаиловска која реши да носи марама, во основното училиште „Малина Попиванова“, Кочани. „Шамија може во џамија да носиш, а во училиште ти е забрането“, со овие зборови и се обратија класната раководителка, а подоцна и педагогот и психологот.

Директори, наставници, педагози, пслихолози, родители… оставете си ја омразата, национализмот и поделбите пред влезот на училишниот двор. Барем во училиште мора сите да се исти и еднакви!


Teкстот е личен став на Авторот. Извор: ЦивилМедиа

Next Post

Без изненадувања во изборот за Најдобар играч на ПЛ за месец август

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk