ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вучиќ смета дека Србија е во тешка правно-политичка ситуација за Косово; Курти вели не се плашиме од новите закани подготвени од Вучиќ во координација со Русија

September 13, 2024 20:21
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека српскиот претседател, Александар Вучиќ во координација со Русија, подготвува нови закани и ултиматуми за Косово, но дека тие не го плашат, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на Фејсбук, непосредно пред најавеното обраќање на Вучиќ на српската јавност во врска со состојбата на Србите во Косово, Курти рече дека „ужасните злосторства што Србија ги изврши во Косово пред 25 години, денес Русија ги повторува во Украина и имаат за цел да се вратат во регионот на Балканот“.

„Пристапот на Владата во Србија кон Косово е многу депресивен. Првично, неказнивоста и пропагандните кампањи беа нормализирани. Сега тие имаат за цел да ги нормализираат паравоените и терористичките напади (Бањска, 24 септември 2023 година), заканите и ултиматумите, кои се оправдуваат со лажни вести и кампањи за дезинформации, пред очите на демократскиот свет“, напиша Курти.

Косовскиот премиер порача дека „Косово е посилно од кога било досега“ и дека не се плаши од заканите.

„Ние ги штитиме сите наши граѓани и нивните слободи и права, територијалниот интегритет и државниот суверенитет на нашата земја, демократскиот и социо-економскиот напредок на нашиот народ и институции“, напиша Курти.

Тој ги наброја и злосторствата што, како што вели, Србија ги изврши во Косово, велејќи дека Белград се координира со Москва „за масовни гробници на илјадници луѓе“.

„Србија спие на масовните гробници од геноцидот извршен на Косово, 950 невооружени цивили беа масакрирани, нивните тела беа земени и ставени во масовни гробници во Србија, вклучително и камиони-ладилници што излегоа од дното на тамошните езера. Доказите за геноцидот се свежи насекаде во Косово и Србија, но тоа не го спречува претседателот на Србија повторно да се заканува“, напиша Курти.

Според косовскиот премиер, „наместо Србија да се кае за злосторствата, да се извини за нив и да не ги негира; да ги отвори воените архиви на југословенската полиција и војска, особено на моторизираната бригада 37; да плати репарации; да соработува за да се донесе правда за жртвите на геноцидот, да се заложи за помирување и мир …, таа ја одбра спротината страна, повторувајќи ги заканите и ултиматумите, кон Косово и неговите граѓани, во тесна соработка и координација со Русија“.

„Денес Косово е посилно од кога било досега, не се плаши од закани. Ги штитиме сите наши граѓани и нивните слободи и права, територијалниот интегритет и државниот суверенитет на нашата земја, демократскиот и социо-економскиот напредок на нашите луѓе и институции. Меѓутоа, она што во моментов се случува покажува колку Србија е далеку од демократските и хуманите вредности и колку останува со геноцидот извршен во 90-тите“, порача Курти.

Вучиќ ги претстави барањата на Србија во врска со Косово

Во врска со ситуацијата на Косово, српскиот претседател Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста рече дека Србија е во тешка правно-политичка ситуација во однос на Косово и ги презентираше потезите на Србија поделени во пет области, јави дописникот на МИА од Белград.

– Знаевме дека Приштина нема да го исполни Бриселскиот договор. Добивме гаранции и верувавме дека барем со потписот на ЕУ нешто ќе значи. Испадна дека ни тоа не го почитуваат, дека не е така, кога почнува уривањето на Бриселскиот договор и желбата Косово по секоја цена да биде независно, со исчезнувањето на Србите. А тоа беше особено изразено во ерата на Албин Курти, изјави Вучиќ и ги истакна потезите на Србија:

„Враќање на „статус кво“, „Косово и Метохија како област на посебна социјална заштита“, „Отпорност на српските институции на Косово“, „Формирање на специјално обвинителство“ и „Одлука за незаконитост на сите органи и институции на територијата на Косово формирани по незаконското еднострано прогласување на независност и непостоење на сите нивни акти кои се донесени или ќе бидат донесени“.

Во врска со првата точка, Вучиќ го претстави барањето за започнување глобална дипломатска кампања во која ќе се пренесе очекувањето дека во блиска иднина ќе се исполнат седум неопходни претпоставки за напредок во дијалогот, кои вклучуваат:

Распишување и одржување слободни и демократски локални избори на северот на Косово и Метохија, со учество на мисијата на ОБСЕ и контрола на ЕУ;

Имплементација на член 9 од Првиот бриселски договор преку колективно враќање на Србите во Регионалната дирекција на КП Север;

Враќање на српските судии и обвинители на судски функции;

Повлекување на таканаречените специјални сили на косовската полиција од дивоизградени бази и контролни пунктови на северот на Косово и Метохија;

Итно и конечно формирање на Заедницата на српските општини;

Итно спроведување на гаранциите на Европската Унија и САД од 28 декември 2022 година и итно ослободување на сите политички затвореници;

Итно овозможување на непречени платежни трансакции и поштенски услуги.

Како што кажа Вучиќ, договорено е Народното собрание во рок од 45 дена да донесе закон со кој Автономната покраина Косово и Метохија ќе ја прогласи за област на посебна социјална заштита, со што ќе се гарантира правото на финансиска поддршка за невработените.

– Српските институции и привремените тела на Косово и Метохија нема да бидат укинати или затворени, што ќе го спречи Албин Курти да ја оствари својата главна политичка цел – да ги исели и целосно да ги елиминира институциите на Србија и Србите на Косово и Метохија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Претседателот на Србија изјави дека Народното собрание ќе донесе одлука за незаконитоста на сите органи и институции формирани на територијата на Косово и Метохија по незаконското еднострано прогласување независност, како и за непостоење на сите нивни акти кои помина или ќе се помине.

– Не донесовме одлука за окупацијата, правни експерти беа против тоа, рече претседателот Вучиќ.

Тој изјави дека ќе се формира специјално обвинителство за гонење на злоупотреби и кршење на основните човекови права, узурпација на имот, загрозување на физичкиот интегритет и достоинство на граѓаните на Република Србија, кое ќе има посебна задача да истражува и гонење на кривични и незаконски дејствија на функционери и службеници на привремени институции во Приштина.

Tags: ВучиќКосовоКурти
Next Post

Спасовски: Законот за бранители може да се донесе ако ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ гласаат „за“

Shortcut

Најново

Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk