Новата сезона во Лигата на шампиони, во нов формат и со зголемен број екипи, официјално стартуваше вчера со одигрување на шест натпревари во кои Реал Мадрид со победа над Штутгарт ја почна одбраната на титулата, а Баерн Минхен го декласираше Динамо Загреб во чиј редови настапија поранешните македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.
Резултати од вчерашните дуели:
Јувентус – ПСВ 3:1
Реал Мадрид – Штутгарт 3:1
Баерн Минхен – Динамо Загреб 9:2
Спортинг – Лил 2:0
Јанг Бојс – Астон Вила 0:3
Милан – Ливерпул 1:3
Вечерва на програмата се нови шест натпревари, а исто толку ќе се играат и в четврток кога ќе биде комплетирано воведното коло.