ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Битола откриени ѕвезди на кинематограферите Бруно Далбонел, Питер Бижу и Роби Милер

September 24, 2024 18:51
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: МИА

Фото: МИА

Во Битола на „Патека на славните“ откриени се ѕвезди на кинематограферите лауреати на ИФФК „Браќа Манаки“, Бруно Далбонел, Питер Бижу и Роби Милер.

На „Патеката на славните“ лично својата ѕвезда ја откри Питер Бижу, ланскиот добитник на наградата златна „Камера 300“ за животен опус.

Британскиот кинематографер Бижу својот прв и единствен Оскар го доби во 1988 година за американската драма „Мисисипи гори“ во режија на Алан Паркер, а во која настапија актерите Џин Хекман и Вилијам Дефо. Во плодната кариера на Бижу е сврстена соработката со познатата актерско-сценаристичка група „Монти Пајтон“.

На свеченоста во Битола, во присуство на директорот на фестивалот Симено Мони Дамески, лауреатот, Бижу силно викна – „Сите сме Манаки“!

Својата ѕвезда ја откри и францускиот кинематографер Бруно Далбонел, годинашен добитник на наградата Златна „Камера 300“ за животен опус.

Далбонел во Клубот на великаните на „Браќа Манаки“ прв пат стана лауреат во 2022 година кога беше награден со специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, а годинава и за животно дело. Далбонел освоил две од вкупно шест номинации за Оскар, а вечер во Битола во негова чест ќе биде емитуван филнот „Амели“.

Од денеска на Широк сокак за јавноста видлива е и ѕвездата на еден од најголемите светски кинематографери, Роби Милер од Холандија кој почина на 78 годишна возраст. Милер во 2002 година беше добитник на специјална награда златна „Камера 300“ за специјален придонес во филмската уметност, а во 2016 година беше награден со златна „Камера 300“ за животно дело.

Next Post

Швајцарија го дефинираше „Гладоморот“ во Украина во 1932-1933 година како геноцид

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk