ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Од СДСМ велат – нема да се реализираат 100 милиони евра за општините оваа година

September 25, 2024 10:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Уште едно разочарување и неисполнето ветување од Владата е на прагот. Имено, најавените 100 милиони евра за развој и поддршка на општините, ветени од оваа Влада, повеќе од јасно е дека нема да се реализираат оваа година. Ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не успева да ги оствари своите ветувања и повторно ја изневерува довербата на граѓаните, реагираат од СДСМ со соопштение.

„Министерот Перински  најави дека средствата нема да бидат доделени директно на посебните сметки на општините, како што тоа го правеше СДСМ. Наместо тоа, парите ќе се исплаќаат директно од буџетот до изведувачите, што значи дека оваа година реализацијата на средствата е речиси небвозможна или ќе биде минимална. Ваквиот пристап не само што го забавува процесот, туку и отвора можност за манипулации, централизирајќи ја контролата во рацете на Владата“, соопштуваат од СДСМ.

Истакнуват дека „за разлика од ова, СДСМ реализираше проекти вредни 265 милиони евра во општините на далеку поефективен начин. Средствата беа наменски на сметките на општините, каде што локалните власти имаа директен пристап и можност сами да ги управуваат своите проекти. Ова беше модел кој осигуруваше ефикасна реализација и транспарентност, нешто што е сега оневозможено од страна на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Централизацијата на средствата и контролата од страна на Владата е директен удар врз децентрализацијата и автономијата на општините. Ова покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не е подготвена да им верува на општините и на локалните власти, што води до стагнација и нереализирани проекти кои се од суштинско значење за граѓаните“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ како одговор на реакцијата, велат – СДСМ не може да се помири со фактот дека почнува најголемата градежна офанзива низ општините.

„СДС не може да се помири со фактот дека почнува најголемата градежна офанзива низ општините. 100 милиони евра пари од буџетот ќе бидат дадени за проекти на општините ширум државата. Тоа се средства кои со години некок општини не ги виделе и неможеле да реализираат голем број проекти кои се потребни. Ова е само почеток. Секоја година на општините ќе им бидат достапни 250 милиони евра пари од буџетот за реализација на капитални проекти“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕСДСМ
Next Post
EPA-EFE/Georgi Licovski

Повтореното судење за модуларната болница се одложи по втор пат

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk