Реномираната тинк-тенк организација, Балкан Форум, со седиште во Приштина, го најави стартот на новата иницијатива: Кон 2030.
„Со задоволство ја претставуваме Кон 2030, возбудлива нова иницијатива која ги обединува гласовите од шесте земји од Западен Балкан за да се вклучат во глобалните дискусии за најитните прашања на нашето време кои ќе ја обликуваат нашата иднина“, објави организацијата во вторникот.
Преку оваа иницијатива, авторки и автори од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија ќе ги споделат своите уникатни перспективи за глобалните теми кои кореспондираат со меѓународни настани и денови од значење.
Кон 2030 ќе отвори простор за серија регионални блогови, кои нудат свежи сознанија за теми како што се безбедноста, одржливоста, демократијата, човековите права, иновациите, климатските промени и социјалниот напредок. Балкан Форум изрази надеж дека со усогласување на овие наративи со клучните глобални моменти, авторките и авторите ќе помогнат да се премостат уникатните перспективи на регионот со широките глобални разговори.
„Ова не е само иницијатива – тоа е платформа за дијалог, можност за Западен Балкан да придонесе во светските дискусии кои се важни. Придружете ни се додека тргнуваме на ова патување кон 2030 година, засилувајќи ги гласовите на нашиот регион и поттикнувајќи разговори што ги надминуваат границите. Останете со содржините што поттикнуваат на размислувања што инспирираат, информираат и поврзуваат!“ – соопштија од Балкан Форум.
Официјалниот хаштаг на иницијативата е #Кон2030 (#Towards2030, #Drejt2030)
Извор: Цивил Медиа