ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шикорски ја обвини Русија во ОН дека го прави истото со украинските деца како нацистите

September 25, 2024 12:41
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Шикорски, ја обвини Русија во Обединетите нации (ОН) дека го прави истото со украинските деца како нацистите, кои ги одвлекуваа децата од Полска и Советскиот Сојуз во Германија за да ги германизираат и да ги направат русокоси ариевци, расно посакувани деца.

„Со што се разликува тоа што им го правите на киднапираните украински деца од она што германските нацисти им го направија на вашите и на нашите деца?“, му се обрати Шикорски на рускиот претставник Василиј Небенжа на седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина.

Шефот на полската дипломатија потсети дека киднапирањето и индоктринацијата на деца од друга земја, нација или група, според меѓународното право, е воено злосторство геноцид.

„Постојаните членови на Советот за безбедност треба да бидат мировници, а не киднапери на деца. Ова е срам за Русија што никогаш нема да биде простено или заборавено“, рече Шикорски.

Небенжа ја напушти салата кога полскиот министер (одговарајќи на тврдењата на рускиот амбасадор дека украинскиот режим е нацистички) покажа фотографија од заедничката германско-советска триумфална парада кога од почетокот на Втората светска војна, Германија од 1 септември и СССР од 17 септември 1939 година, тие две земји ја окупираа Полска.

„Амбасадорот Небенжа и руските пропагандисти сакаат да ја нарекуваат демократски избраната влада на Украина нацистичка. Во Полска живеам на три километри од Потулич, каде што имаше поранешен нацистички логор за селекција за време на Втората светска војна. Илјадници деца од Полска и Советскиот Сојуз од околината на Смоленск и Витебск, беа затворени таму, 800 од нив загинаа, а илјадници беа транспортирани на запад за да бидат германизирани, ариевски деца, расно пожелни“, рече Шикорски.

Како одговор на тврдењето на рускиот амбасадор дека Русија не убива цивили во Украина, полскиот министер покажа фотографија од станбена зграда во Лавов, на западот на Украина, која е урната од руска ракета.

Tags: ОНРадослав ШикорскиРусијаукраински деца
Next Post

Финалето на ЛШ 2027, сепак, нема да се игра во Милано, одлучи УЕФА

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk