ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гаши: Имам информации дека се подготвува закон за правична застапеност

September 26, 2024 13:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието, Африм Гаши по денешниот брифинг со новинарите соопшти дека се подготвува закон за правична застапеност, кој би требало да го замени „балансерот“.

-Ова прашање е во доменот на политичките партии и на политиката. Јас од функцијата претседател на Собранието не можам да коментирам за ова прашање, но бидејќи сум во Собранието и сум во контакт со пратениците од сите политички партии, има м информации дека се подготвува таков закон, рече Гаши.

Првиот вицепремиер Изет Меџити минатата недела нагласи дека има согласност во владината коалиција за закон за правична застапеност.

-Имаме политички договор тоа да се среди со Закон за правична застапеност. Само треба да најдеме начин евентуално да има некоја евиденција на етничка припадност во администрацијата, без да се косиме со приватноста на информациите, рече Меџити.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев неодамна истакна дека ова ќе зависи од одлуката на Уставниот суд.

-Јас во овој момент не би можел да кажам дали ќе има ново, или пак каква ќе биде содржината на тоа законско решение. Секако, би ја почекал, а секако и Министерството за јавна администрација, конечната одлука на Уставниот суд. Во зависност од тоа каква ќе биде ние би пристапиле кон евентуално ново законско решение, рече Минчев.

Уставниот суд времено го запре користењето на балансерот до конечната одлука за уставноста на законските одредби со кои се овозможува етничката припадност да е услов за вработување. Од Министерството ја јавна администација информираа дека наскоро сите институции ќе добијат упатство како да постапуваат до конечната одлука. Оттаму не споделија повеќе детали.

Tags: ГашиЗакон за правична застапеност
Next Post

(ФОТО) На модна ревија продефилираа 31 лице со попреченос

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk