ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДУИ: Граѓаните се разочарани, нашата земја се соочува со болен момент, Северна Македонија денес е одвоена од Албанија на патот кон ЕУ

September 27, 2024 12:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес, нашата земја се соочува со болен момент, кој кај секој граѓанин што сонувал за европската иднина предизвикува длабоки чувства на разочарување и огорченост. Поради неуспехот на оваа влада да ги спроведе уставните реформи, Северна Македонија денес е одвоена од Албанија на својот пат кон Европската унија. Оваа одлука е директна последица на политички неуспех, но пред сè е тешка неправда за секој граѓанин на Северна Македонија кој ја гледаше Европа не само како политичка цел, туку и како длабока општествена и културна аспирација. Веќе не сме на заеднички пат со Албанија, и ова е удар врз регионалното единство и стабилност за кои сме се залагале толку долго, соопштуваат од ДУИ

Оттаму потсетуваат дека „Демократската унија за интеграција постојано предупредуваше дека овој неуспех ќе има сериозни последици. Секој ден кога уставните реформи се одложуваат е изгубен ден за европската иднина на нашите деца. Секој неуспех во усвојувањето на овие реформи е чекор подалеку од европското семејство и чекор поблиску до изолација, поделеност и стагнација“.

„Денес, нашите зборови не се само критика. Тие се отворен апел до секој граѓанин на оваа земја кој ја посакува Европа и верува во нејзините вредности: ова е моментот заеднички да испратиме силна порака за дејствување без повеќе одложувања. Секое доцнење, секој неуспех, само ја продлабочува празнината помеѓу нас и Европската унија.

Северна Македонија е Европа, и тоа го заслужуваат нејзините граѓани. Не смееме да дозволиме погрешните  политики да ни ја одземе иднината. Ова не е партиско прашање, туку државно прашање што го засега секое семејство и секој поединец кој верува во подобра, стабилна и европска иднина.

На оваа раскрсница, решени сме да се бориме за тоа што е исправно и за правото на граѓаните на Северна Македонија да станат дел од европското семејство. Историјата ќе ни суди за овој момент, и ние нема да дозволиме Северна Македонија да остане надвор од Европа поради политичките неуспеси на моментот.

Европа е нашата цел. Ова е наша заедничка задача. Нема повеќе време за губење!“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Tags: ДУИЕУ
Next Post

(ВИДЕО) Арсовски за Фронтлајн: Одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ е хендикеп за нас

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk