Новиот јапонски премиер Шигеру Ишиба денеска најави дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 27 октомври.
Така, јапонските гласачи ќе излезат на гласање само еден месец откако шеесет и седумгодишниот поранешен министер за одбрана беше избран за претседател на владејачката Либерално-демократска партија на местото на премиерот во заминување Фумио Кишида.