ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Борел: На Блискиот Исток треба да замолчи оружјето, а да зборува дипломатијата

October 1, 2024 09:44
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Масовните израелски напади врз Бејрут и низ цел Либан, што почнаа минатиот петок, иако се насочени кон цели на Хезболах, сепак претставуваат кршење на суверенитетот на една независна држава, изјави синоќа високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел по завршувањето на неформалниот онлајн состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата.

– Ова е момент на вистината за Либан. Момент на вистината кога оваа земја, која е среде војна, и Европската Унија треба заедно да се обврзат за зачувување на институциите на државата од ризикот од колапс, изјави Борел, додавајќи дека тоа е и причината што го свикал вчерашниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Според Борел, сега треба да замолчи оружјето, а да зборува на дипломатијата за сите да го слушнат неговиот глас.

Тој додаде дека на состанокот се разговарало за влошувањето на состојбата во Либан, за заложбите на Европската Унија за изнаоѓање на политичко решение и за спречување на понатамошна ескалација и продлабочување на конфликтот.

– Европската Унија континуирано се залага за отворање на вратата за дипломатско решение, за итен прекин на огнот, за прераспоредување на либанските Вооружени сили, за избор на претседател во Либан, за формирање Влада и за обезбедување услови за целосно имплементирање дека Резолуцијата 1701 на (Советот за безбедност на ОН), додаде Борел.

Тој нагласи дека на состанокот било оценето оти ова состојба претставува ескалација на прекуграничните ракетирања од страна на либански Хезболах врз израелска територија, започнати по 7 октомври по нападот на Хамас врз Израел, поради што се признава правото на израелската држава да се брани, но дека при тоа мора да се има предвид меѓународното хуманитарно право.

Според него, секоја понатамошна воена интервенција драматично би ја влошила ситуацијата и таа мора да се избегне.

– Ние сме многу загрижени поради ризикот од понатамошна ескалација на конфликтот низ регионот и ги повикуваме страните во регионот да покажат воздржаност во интерес на деескалација, рече високиот претставник на ЕУ.

Борел додаде дека поради конфликтот меѓу Израел и Хезболах, голем број Израелци и Либанци морале да ги напуштат своите домови, нагласувајќи, дека во Либан веќе има околу еден милион внатрешно раселени лица, од кои некои дури „се обидуваат да заминат во Сирија“.

– Ова масовно раселување на либанскиот народ кон север очигледно ги зголемува потребите за хуманитарна поддршка. Како што знаете, претседателката (на ЕК, Урсула) фон дер Лајен веќе најави поддршка од една милијарда евра за Либан. Паралелно, од Европскиот мировен механизам, одвоивме нова помош од 15 милиони евра за 2024 година. Но, со оглед на сегашните околности се размислува за дополнителна поддршка од Европската Унија, рече Борел.

Тој додаде дека е потребна поддршка и за либанските Вооружени сили, кои „се јадрото на либанското општество и државност“ и кои мора да продолжат да играат клучна улога „како гарант за домашната и за регионалната стабилност“.

– На 23 септември усвоивме нова мерка за помош во зајакнувањето на либанските Вооружени сили и подготвени сме да ја зголемиме поддршката во зависност од тоа како ќе се развива ситуацијата, нагласи Борел.

Според него во сегашната состојба, клучна  стабилизациска улога има Мисијата на ОН во Либан (УНИФИЛ), па затоа Европската Унија и нејзините земји членки се подготвени да ја надградат својата постојана поддршка на УНИФИЛ.

Борел нагласи и дека ЕУ повикува на итен состанок на Советот за безбедност и дека ќе ги искористи сите дипломатски напори со цел да се заложи за прекин на огнот.

– Во овој момент, сите либански лидери треба да ги стават националните интереси на прво место и да работат заедно за обнова на функционирањето на либанските државни институции, особено со избор на претседател и формирање на влада со полн капацитет. Ние сме подготвени да му помогнеме на Либан во консолидацијата на државните институции и во преземањето на чекорите потребни за негово закрепнување, порача Борел.

Tags: Блискиот истокБорел
Next Post

Јапонската влада поднесе оставка пред Парламентот да го потврди новиот кабинет на чело со Шигеру Ишиба

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk