Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска предупреди на понатамошна ескалација откако Иран изврши ракетен напад врз Израел.
– Таквите акции ја загрозуваат регионалната стабилност и ги ескалираат тензиите во веќе екстремно нестабилна ситуација, рече фон дер Лајен и ги повика сите страни да го заштитат животот на невините цивили.
I condemn yesterday’s ballistic missile attack launched by Iran against Israel in the strongest terms ↓
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 2, 2024
Таа најостро го осуди иранскиот напад.
Фон Дер Лајен го повтори „повикот на Европската унија за прекин на огнот преку границата со Либан и во Газа и за ослободување на сите заложници кои се држат речиси една година“.