ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Коалиција „Менуваме“ најавува протест доколку не се исплатат надоместоците на персоналните асистенти

October 3, 2024 15:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници од Коалицијата „Менуваме“ и од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието остварија средба на која разговарале за неисплатените надоместоци на персоналните асистенти за шести, седми, осми и деветти месец. Од Коалицијата „Менуваме“ за во сабота, 12 октомври, пред Владата најавуваат протест доколку не се реши ова прашање.

-Денеска сме тука на барање на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери, во однос на настанатиот проблем, односно неисплатените надоместоци на персоналните асистенти за шести, седми, осми, како и деветти месец. Разговаравме и побаравме тие да бидат медијатори во Министерство за социјална политика, демографија и млади, бидејќи тие се надлежни согласно настанатиот проблем за неисплаќање на асистентите. Побаравме ние да учествуваме во преговарачкиот тим како невладина организација и Црвениот крст на Македонија, каде што заеднички ќе изготвиме извештај кој што ќе ги детектира сите слабости, изјави денеска Суарет Алишан од Коалиција „Менуваме“ по завршување на средбата.

Како што потенцираше, втората тема на разговор беше запознавање на проблемот со Националниот сојуз на слепи.

-Втората тема на разговор беше да се реши проблемот со Националниот сојуз на слепи на Македонија. Во Националниот сојуз на слепи на Македонија се случуваат низа пропусти кои се со лукративни цели или со криминогенско делување. До сега се исчезнати многу пари, ангажирани се непотребни ресурси и исчезнати се имоти. Државата е запознаена со ова, како и надлежните институции – Јавното обвинителство и Управата за финансирање на МВР. Сметам дека сите ќе си ја сносат одговорноста, бидејќи денешниот хаос е благодарение на Националниот сојуз на слепи, додаде Алишан.

Тој посочи дека разговарале и за други точки, но приоритетно останува решавање на проблемот со неисплаќање на персоналните асистенти.

-Протестот е закажан за 12 октомври, сабота, пред Владата. Протестот е еден вид на „крик“ за да не видат и разберат, бидејќи ние денеска имаме информација дека до утре ќе ги добијат парите провајдерите, но тие пари се само за шести, седми и осми месец. Чекаме деветтиот месец да биде подмирен до 11-ти, во петок. Во спротивно, излегуваме на протест на 12 октомври и не попуштаме, бидејќи овие проблеми мора да бидат решени, додаде Алишан.

На новинарско прашање каков одговор добија од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната средба, Алишан рече дека тие се заложиле за решавање на проблемот.

Next Post
Прилеп Фото: Фронтлајн

Прилеп ќе го прогласи петок, 4 октомври, за ден на жалост

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk