ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

До крајот на мандатот услови за едносменска настава во сите училишта и ангажирање на 3000 вишок наставници, најави Јаневска

October 7, 2024 13:52
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Услови за едносменска и целодневна настава ќе бидат овозможени за сите ученици до петто одделение до крајот на мандатот – е планот на министерката за образование и наука Весна Јаневска. Учениците ќе остануваат во училиштата до 16.30 часот, а за нивните дополнителни активности вон редовните часови ќе бидат ангажирани вишокот наставници кои сега работат со само неколку ученици во подрачните училишта.

Министерката Јаневска на прес-конференција по повод 100 дена Влада рече дека се работи за  3000 наставници  кои со реорганизирање на работата и со оптимизација на училиштата нема да останат без работа.

Во отчетот за сто дена од работењето на Владата министерката информираше дека во 140 училишта „е воведена квалитетна, економична и ефективна едносменска настава, а наскоро бројот ќе се зголеми за 50-ина“.

-Нема капацитети во земјава за одеднаш да се тргне во едносменска и целодневна настава во овој момент. Но, планот е таму каде што има, процесот да започне, а има речиси секаде во внатрешноста на земјата, проблем е Скопје и уште неколку училишта во неколку поголеми градови, рече Јаневска.

За таа цел, со Светска банка се прави анализа во кои училишта може да почне едносменска настава со доградба од една до 15 училници, а во некои општини, како на пример Чаир и Аеродром, ќе биде потребно да се изгради училиште.

-Неопходна е во Македонија едносменска и целодневна настава, прво велев до четврто, сега велам до петто одделение, затоа што е познато дека нашите ученици многу заостануваат зад своите врсници во Европа. Три и пол години како да се поназад, 900 часа помалку до 15 години и се на последните места на ПИСА-тестирањето. Притоа Македонија има 3000 наставници вишок, кои работат во паралелки од девет, 12, 17 ученици, рече Јаневска.

За да се реорганизира нивната работа е потребна оптимизација на училиштата односно четири и пет ученици од подрачни училишта во рурални средини да се префрлат во централните училишта во урбани средини заедно со наставниците. Како што рече, не е добро ни за учениците да посетуваат настава во толку мал број зашто не се социјализираат, немаат со кого да се натпреваруваат и се во затворен круг без да примаат модерни информации.

-Со оглед дека иселувањето е преголемо во Македонија, а резултатите и на оние што ги имаме се минимални, сметам дека овие 3000 наставници можеме да ги искористиме. Не да ги отпуштиме и уште полошо да ни биде образованието, туку да ги искористиме со дополнителен ангажман, ем тие да не останат без работа, ем квалитетот на образованието да се подобри. Наместо од 8 до 11 да бидат во училиште, децата ќе бидат од 8 до 16.30 часот и овие наставници кои работеле со пет до седум деца, сега ќе работат во нормална паралелка од 20 до 30 деца, со многу други часови освен оние што се во обврзниот курикулум – воннаставни активности, општествено корисна работа, изборни предмети, вештини и техничко образование за децата да стекнат повеќе знаења. И сето тоа ќе им се брои како час, но мора да го одржат. Нема во 11 да отидат дома туку ќе работат со децата, рече Јаневска.

Нагласи дека државата ќе мора да создаде услови за едносменска и целодневна настава зашто, рече, секаде во светот така се работи и мора да има приспособување ако сакаме успех и квалитетно образование.

Tags: едносменска наставаЈаневска
Next Post

Левица до Собранието ќе поднесе декларација за признавање на Палестина

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk