ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кузеска: За само100 дена ДПМНЕ ја загрози безбедноста на граѓаните и создаде несигурност по улиците

October 7, 2024 14:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминативе 100 дена, откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, безбедноста е на многу ниско ниво, а несигурноста по улиците ја чувствуваат граѓаните. Во последните два месеца веќе имаше неколку убиства и обиди за убиства, а МВР нема никаква контрола и место да се бори против криминалните структури, нивниот министер Тошковски не може да ги заштити ниту полицајците, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во емисијата „Дејли клик“ на ТВ 21.

– Само во последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, полицајци, а сторителите сè уште се непознати и одговорност нема. И ова, уште еднаш покажува дека секогаш е штета кога ДПМНЕ е на власт. Во изминатите 7 години, граѓаните не беа сведоци на секојдневни пукотници, а безбедноста на државата беше добро рангирана од сите релевантни фактори“, рече Кузеска.

Таа ги коментираше 100-те дена од владеењето на ДПМНЕ, за што рече дека дефинитивно, сите ветувања кој ги дадоа пред изборите се една голема фарса и лага.

-ДПМНЕ во рок од 100 дена успеа да ги изневери и разочара граѓаните, а откако ги признаа грешките, рекоа дека не биле катастрофални. Зарем не е катастрофална грешка тоа што не ги покачија платите на наставниците во септември, а ја намалија просечната плата за 1000 денари. Зарем не е скандал да имате началник на граничен премин кој работи онака како што ќе се договорат коалициските партнери, а ќе пуштаат преку граница кого сакаат, како претседателот на собранието Африм Гаши и Блерим Рамадани. Власта ветуваше дека ќе има ред и поредок, а ние сега гледаме хаос, потенцираше Кузеска.

Таа рече и дека пред избори ДПМНЕ ветуваа дека ќе растат платите, но од тоа нема ништо, а се збунија и со ветувањата за покачување на пензиите. Власта не прави ништо, освен што се кити со туѓи перја, оти тие сега само ги продолжуваат проектите кои ги започна СДСМ.

Во однос на наводниот долг, кој сега го наследиле ДПМНЕ, па ќе заштедувале пари, Кузеска, рече дека пари не се заштедуваат со двајца заменици во царина, национални координатори, повеќе министерства и измислени работни места, само за да се задоволат коалициските апетити.
– Дефинитивно, создадени се тела за задоволување на коалициските апетити, а ова ДПМНЕ многу посетува на она која беше на власт 11 години, каде се одеше преку партија, по налог на партија каде вработувањата на париските војници беа без усул“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Tags: ВМРО-ДПМНЕКузеска
Next Post
АА

АА: Братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk