ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Афионот се враќа на македонските ниви, договорно производство на Агротим и компанијата „Афиониа“ – Скопје

October 7, 2024 15:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Започнува нов проект Договорно производство на афион во организација на Агротим и фирмата – откупувач „Афиониа“ од Скопје како дел од компанијата Oilseed s.r.o со седиште во Прага која 30 години се занимава со организација на производство, преработка и пласман на афион, известуваат од Агротим.

Во ова договорно производство се работи за производство и откуп на син мак за прехрамбената индустрија.

Откупот, пласманот и цената се утврдуваат со склучување на договор меѓу земјоделскиот производител и фирмата откупувач во кој се регулирани сите аспекти од ова договорно производство.

Директорот на „Афиониа“- Милун Свичевиќ во разговор со заинтересираните земјоделски производители го презентираше проектот, условите на договорот и цената по која се ќе се откупува, а потенцираше дека земјоделците ќе имаат и стручна помош во текот на производството од страна на агрономи кои се специјализирани за одгледување на афион.

-Во Чешка, поседуваме фабрика со капацитет од 40 тони/ден афион исчистен до чистота од 99,9% Имаме големо искуство во организирање и реализирање на Договорно производство на афион. Се обврзуваме на производителот да му исплатиме загарантирана минимална откупна цена на семето и тоа веднаш после предавање на родот, во висина од 90 000 денари за еден тон. Доколку пазарната цена таа година е повисока од минималната загарантирана цена, а тоа ќе го знаeме после жетва, во тој случај до 15 септември ќе се исплати и разликата во цена како бонус – изјави Свичевиќ.

Овој афион за семе се сее во месец октомври и затоа е потребно сите што се заинтересирани земјоделци, тие што веќе планираат да сеат житни култури да се пријават што поскоро за вклучување во проектот Договорно производство на афион. Сертифицираниот семенски материјал го обезбедува откупувачот, а просечен принос се движи од 1 000 – 1 200 кг од хектар.

-Оваа година задоцнивме со информација за почеток на проектот затоа што беше потребно време да се завршат сите правни процедури кои ги налага ова производство. Ние подолго време сме присутни овде, но адинистративните обврски додека не ги завршивме не се осудувавме да започнеме разговори со земјоделските производители. Сега сме целосно подготвени да стартуваме заедно со вас земјоделците, да работиме, да имате профит и да го вратиме афионот на македонските ниви. Заедно со договорот, земјоделците ќе ја добијат и технологијата на производство со сите агротехнички мерки за да се уверат во успешност на производството – изјави Свичевиќ и додаде дека вакво организирано производство на афион веќе имаат во Унгарија, Србија, Словачка, Хрватска и нивно пласирање на пазарот преку нивните компании во Чешка, Русија, Велика Британија и САД.

Сите заинтересирани производители можат да не контактираат во Агротим на 071 225 345 и ќе ги добијат потребните дополнителни информации како и можноста за склучување на договор со фирмата „Афиониа“ – Скопје.

Заради рентабилност на производството услов е земјоделските површини да се поголеми од 10 ха.

Извор: Агротим.мк

Tags: АгротимАфион
Next Post

Гори најголемото складиште за нафта на окупираниот Крим погодено од украински дронови

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk