ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Буки“ – прва дигитална платформа за транскрипција на говор на македонски јазик

October 9, 2024 16:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје попладнево официјално ја пушти во употреба новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик – „Буки“, која овозможува унапредено користење на официјалниот јазик при креирање текстови во дигитална форма.

Платформата овозможува пренос на усно изговорена мисла на македонски јазик во пишан текст кој содржи интерпункција, мали и големи букви. Во моментов функционира моделот за литературен јазик, но се работи и на втор, кој би ги препознавал македонските дијалекти. „Буки“ може да им биде од корист на сите кои работат со транскрипција на текст (интервјуа, предавања, теренски белешки, потсетници), на лица со хендикеп, транскрипција и анотација на македонското културно наследство, архиви, снимки во МРТВ итн.

Моделот е креиран од Дејан Порјазовски, експерт за технологии на вештачка интелигенција за препознавање говор од Универзитетот „Аалто“ во Финска, како дел одактивностите на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс) при УКИМ, и во соработка со проф. д-р Никола Стиков, професор по биомедицински инженеринг на Политехничката школа при Универзитетот во Монтреал.

Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, на презентацијата истакна дека создавањето на платформата е „патриотски придонес“ на Универзитетот и на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс).

-Овој модел може да им биде од корист на сите кои работат со транскрипција на текст (интервјуа, предавања, теренски белешки, потсетници), но и на лица со хендикеп, а се надеваме дека овој модел ќе најде примена и во многу дигитални алатки кои го прават нашиот живот полесен. Во моментов ја презентираме првата верзија на моделот, но тимот кој го изработи моделот е детерминиран да се изработи и втора подобрена верзија, како и верзија за транскрипција на дијалектите на македонскиот јазик, која ќе придонесе за научноистражувачката работа на УКИМ, но и ќе ги зачува дијалектите за наредните генерации, рече Ангелова.

Посочи дека се планира и изработка на подобрен кориснички интерфејс и решавање на одржливоста на платформата за транскрипција на македонскиот говор.

Платформата ја претстави Порјазовски кој на презентацијата учествуваше онлајн.  Како што рече, се работи за адаптирани верзии на веќе постојните Wav2vec2 и Виспер (Whisper), со тоа што ги тренирале со наши ресури на македонски јазик.

Со цел да се провери работата на „Буки“ во споредба со јавно достапните Виспер (Whisper) од OpenAI компанијата и MMS од Мета (Фејсбук) ги тестирале на разни видови аудио  – читан текст, дијалекти итн. и се покажало дека моделот што го креирале е подобар и со помал процент грешки при транскрибирањето на македонскиот говор.

Идејата за проектот била на проф. Никола Стиков кој на презентацијата рече дека таа најпрво била од лични мотиви, а потоа и заради исклучителната важност да се зачува македонскиот јазик и наследство.

-Илјадници часови снимени материјали се распаѓаат во влажните ќошиња на македонските институции чекајќи да бидат пребарани и индексирани. Моделот „Буки“ е првиот чекор кон зачувувањето на ова богатство. Трениран е со само 60 додатни часа говор, но веќе е далеку подобар од конкуренцијата, потенцираше Стиков.

Проф. д-р Илина Јакимовска, раководителка на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математички факултет на УКИМ, пак, рече дека  дигиталниот архив на етнолошки и антрополошки ресурси на Институтот содржи над 1250 часа аудиоматеријал, рачно транскрибиран во ворд-фајлови (главно, теренски интервјуа и усни сведоштва), голем број визуелни материјали, музичка збирка и дигитализирани ракописи од наши поранешни професори и донатори.

-Чест ни е што дел од аудиоснимките и нивните преписи учествуваат во моделот „Буки“ и тоа со 40 проценти од неговиот тренинг. При нивниот избор се внимаваше тие да се од различни делови на Македонија, односно да се на повеќе дијалекти, со говорници од различен пол и различна возраст. Со тоа, во „Буки“ се индиректно вградени и архаизми и гласови на луѓе кои веќе не се меѓу нас. Така, преку овој производ се среќава технологијата на иднината со културното наследство на минатото, посочи Јакимовска.

Изработката на платформата „Буки“ ја поздрави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски кој истакна дека е фасциниран од оваа иновација која инспирира со можностите што ги нуди.

Нагласи дека е многу важно политиката сега да го препознае ова што го прави науката и, рече, да најдеме начин како да ја примениме вештачка интелигенција,  во дигиталната трансформација на општеството. Посочи и дека во светот на брзи технолошки промени, промоцијата и заштитата на македонскиот јазик е императив.

-Ова е вистински патриотски чин што го правите вие како идејни творци и целата организациска структура околу проектот. Освен што е предизвик заштитата и промоцијата на македонскиот јазик, со дигиталните алатки сега станува и нова можност затоа што вештачката интелигенција има потенцијал таа можност да ја развива и да ја однесе на некои нови гранки, рече Андоновски.

Во однос на снимените ресурси кои со „Буки“ може да се транскрибираат, министерот рече дека ќе преземе обврска да искомуницира со МРТВ за, како што рече, „да видиме што се можеме да повлечеме од таму како материјал што вам би ви било од корист за развој на оваа алатка“.

По промоцијата на моделот, УКИМ почна кампања „Донирај глас“ и секој кој сака да придонесе, ќе може да го донира својот глас – да прочита текст на македонски и да го прикачи на платформата Мозила.

 

Next Post

(ВИДЕО) Форум на НВО и тинк-тенк организациите во Берлин: 10 години Берлински процес

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk