Во израелските напади во Либан во саботата загинаа 51 лице, а ранети се уште 174, соопшти либанското Министерство за здравство, јави ДПА.
Повеќето од жртвите се во јужен Либан, во близина на градот Набатие и планинските области, истакна Министерството.
Вкупно 2.306 лица се убиени, а 10.698 се повредени во Либан од избувнувањето на вооружените судири меѓу либанската група Хезболах и израелската армија пред нешто повеќе од една година, додаде одделот.