ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Училиштата во Карпош без греење, Општината и МОН со различни ставови за исплаќање на трошоците

October 16, 2024 09:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ

И покрај тоа што грејната сезона почна, осум основни училишта во Општина Карпош следат настава без парно греење. Градоначалникот на Општината, Стевчо Јакимовски, бара од Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8,3 милиони денари, додека министерката за образование и наука Весна Јаневска тврди дека парите за греење во училиштата се исплатени на сите општини, а останува на градоначалниците, школите и директорите да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона.

Јакимовски тврди дека Министерството за образование и наука (МОН) не обезбедило доволно средства за функционирање на училиштата во Општина Карпош, а одговорноста за тоа, според него, е на министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Според Јакимовски, минатата година Општината издвоила шест милиони денари за децата да не останат без греење, затоа што, како што вели, Владата не сакала да ги плати сметките.

Јакимовски тврди дека во февруари Општината добила вкупно два милиони денари, односно по 200 илјади денари за секое училиште, а како што рече, за едно училиште сметката е околу 540 илјади денари.

— Тоа што МОН не предвидело доволно пари од буџетот за училиштата во Општина Карпош е исклучиво одговорност на министерката. Не знам зошто ја префрла топката кај локалната самоуправа, прозивајќи ме мене дека „сум можел да се снајдам“. Овде не е потребно снаоѓање, овде е потребно министерката за образование да ги обезбеди парите за децата да можат да имаат нормално затоплување како сите деца во светот, изјави вчера Јакимовски.

Реакцијата на Јакимовски дојде откако вчера министерката за образование и наука Весна Јаневска, во одговор на новинарско прашање за долгот на училиштата во Општина Карпош,рече дека „тој е многу способен и ќе најде начин да ги затопли училиштата“.

Јаневска очекува сите училишта да имаат греење. Таа е на став дека на општините им се исплатени блок дотациите, а на градоначалниците, школите и директорите им останува да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона.

-Министерството за обарзование и наука (МОН) дава блок дотации до општините. Блок дотациите им ги исплативме на општините и нема што дополнително да даваме. На градоначалниците, училиштата и директорите е како ќе се организираат за да ја спроведат грејната сезона, така што ова не е прашање што треба да се упати до МОН, изјави вчера Јаневска.

Според неа, ако Јакимовски има дополнителни барања, „треба да се обрати таму каде што треба, а не до МОН“.

Грејната сезона започна вчера, а од ЕСМ ден претходно информираа дека на барање на Општина Карпош, испораката на топлинска енергија во основните училишта нема да започне на 15 октомври, туку од 1 ноември.

И владината портпаролка Марија Митева вчера изјави дека Општина Карпош доставила барање за пролонгирање на грејната сезона. Според Митева, во барањето не било наведено кои се причините за ова и како се донела ваквата одлука.

И додека институциите си ја префрлаат топката, без парно греење се основните училишта „Братство“, „Јан Амос Коменски“, „Димо Хаџи Димов“, „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Лазо Трповски“ и „Петар Поп Арсов“.

Next Post

Без струја утре делови од Илинден, Сопиште и Чаир

НАЈНОВО

Мицкоски: Ако поради можноста независните да се кандидираат со два потписа изборниот процес не успее, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025

Ангелов: Се става под контрола пожарот кај бараките „лепенки“ во Карпош, нема информации за повредени

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk