ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Поранешниот претседател на САД, стогодишникот Џими Картер ја оствари својата желба да гласа за Камала Харис пред да умре

October 17, 2024 16:01
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Скриншот ЈуТјуб

Фото: Скриншот ЈуТјуб

Share on FacebookShare on Twitter

Дека годините не се (секогаш) важни, кога е во прашање остварувањето на сопствените демократски вредности кои биле негувани години наназад, сведочи најдолговечниот претседател на САД, стогодишникот Џими Картер, на кој по неговиот 100 ти роденен единствено важно му беше да го оствари уште еднаш своето гласачко право и како последна желба да гласа за потпретседателката Камала Харис, убеден дека таа е вистинската личност која ќе ги продолжи демоктатските вредности за кои тој се залагаше.

39-от американски претседател Џими Картер, кој на 1 октомври наполни 100 години и се наоѓа во својот дом под постојана нега од февруари 2023 година, во средата го поднесе своето гласачко ливче во отсуство, пренесува Њујорк тајмс според Џејсон Картер, внук на поранешниот претседател и претседател на Центарот Картер, во средата во СМС-порака рече дека гласачкото ливче на неговиот дедо било депонирано во судот во Америкус, Џорџија,каде роднина може да поднесе пополнето отсутно ливче за гласач . Неговото семејство рече дека тој бил желен да гласа за потпретседателката Камала Харис.

Тоа се случи едвај две недели откако Картер го прослави својот 100-ти роденден на 1 октомври во неговиот дом во Плејнс, Џорџија, каде што живееше под постојана нега.

Со недели, според семејството Картер, поранешниот претседател станувањето стогодишник го сметал за не толку важно. Наместо тоа, велат роднините, тој најмногу сакал да гласа за потпретседателката Камала Харис.

„Тој ја следи кампањата, апсолутно“, изјави Џејсон Картер на дописникот на CBS News, Марк Страсман во септември. „И знаете, кога го прашавме дали е возбуден за својот 100-ти роденден, тој рече, возбуден сум поради тоа, но навистина сум возбуден што гласам за Камала Харис. , и тој, знаете, има свои ставови“.

На Демократската национална конвенција во август, внукот на поранешниот претседател рече дека Камала Харис „го носи наследството на мојот дедо“

Неговиот син Чип Картер пред семејниот собир изјави дека неговиот татко многу го имал на ум овие избори.

„Тој е вклучен“, изјави Чип Картер за Асошиетед прес. „Го прашав пред два месеци дали се обидува да доживее 100 години, а тој рече: „Не, се обидувам да живеам за да гласам за Камала Харис“.

Секако, имаше и обид од некои корисници на социјалните мрежи, противниците на демократијата кои лажно тврдеа дека Картер гласал лично во средата, споделувајќи видеа и фотографии од поранешниот претседател во инвалидска количка кои се всушност направени на неговиот 100-ти роденден кога тој ја прослави оваа пригода со своето семејство во неговиот роден град.

Гласот на Картер ќе се смета дури и ако тој повеќе не е жив до денот на изборите на 5 ноември.

Роберт Синерс, портпарол на кабинетот на државниот секретар, истакна дека изборните правила во Џорџија велат дека кога отсутно гласачко ливче ќе го добијат локалните изборни претставници „ќе се смета дека е гласано тогаш и таму“.

Несомнено, посветеноста наЏими Картер, еден од највлијателните државници во американската историја доследно да се  држи до своите демократски уверувања и да се бори за нивно спроведување до крајот на својот живот е за восхит, и тоа не само кај приврзаниците и треба да биде пример за сите кои веруваат во подобра иднина.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Tags: Камала ХарисСАДЏими Картер
Next Post
фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Доделување на ЕУ награда за истражувачко новинарство 2024

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk