ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Доделување на ЕУ награда за истражувачко новинарство 2024

October 18, 2024 08:49
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Во Europe House во Скопје денеска ќе се одржи церемонија за доделување на наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2024 година за најдобра истражувачка сторија во Северна Македонија, во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Томсон медија и Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Како што најавија организаторите, официјално обраќање на церемонијата ќе има амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас и претседателот на жири-комисијата за ЕУ наградата за истражувачко новинарство, Валентин Нешовски.

ЕУ наградата за истражувачко новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција е основана од Европската Унија во 2015 година со цел да ги промовира извонредните постигнувања во истражувачкото новинарство, како и да ја зголеми видливоста на квалитетното новинарство во земјите од Западен Балкан и Турција.

На конкурсот можеа да се пријават истражувачки стории објавени од медиуми во Северна Македонија во периодот од 1 јануари до 31 декември 2023 година, а кои се обработуваат теми од слобода на изразување, владеење на право, транспарентност, злоупотреба на моќ и фундаментални права, корупција и организиран криминал.

Наградниот фонд во секоја од седумте земји за 2024 (за истражувачки стории објавени во 2023 година) изнесува 10.000 евра. Првата награда изнесува 5.000 евра, втората 3.000 евра и третата 2.000 евра.

ЕУ наградата за истражувачко новинарство е координирана од Томсон медија, а во Северна Македонија имплементирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници како дел од проектот „Зајакнување на квалитетот на вестите и независното новинарство на Западен Балкан и во Турција 2“. Проектот е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од конзорциумот составен од Балканската истражувачка репортерска мрежа – БИРН Хаб, Централно-европскиот Универзитет (ЦЕУ) – Унгарија, Асоцијацијата на новинари (АЈ) – Турција, Томсон Медија (ТМ) – Германија, Универзитетот Гоце Делчев Штип (УГД) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) од Северна Македонија, Асоцијацијата на медиумите од југо-источна Европа (МАСЕ) – Црна Гора и од Балканската истражувачка репортерска мрежа Косово (БИРН Косово).

Tags: ЕУ наградановинарство
Next Post

Филмот „Виорник од работ“ ќе го отвори 15. издание на Ехо Фестивал на планински филм 2024

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk