Пишува: ЃОРЃИ СПАСОВ
Се додека не ви дојде сметка од извршител за неплатен долг од пред 10 години, не може да ја разберете маката на огромниот број граѓани фатени во мрежата за организиран грабеж на Јавните претпријатија. Банките, нотарите и извршителите.
Еве што се случува.
Со препорачано писмо те известуваат дека во рок од три дена од добиенот налог за извршување треба да платиш на сметката на извршителот сума која е над 70 пати повисока од основниот долг.
Јас кој себе се сметам за уреден плаќач на сметките од јавните претпријатија сум останал должен цели 53 (пеесет и три) денари за неплатени камати на услугата од водовод и тоа на сметките од јуни,јули,август и септември 2015 година. Секој разумен човек таа сума би ја платил веднаш ако добил опомена или ако била додадена како долг на сите други сметки што редовно ги плаќа.
Но во мрежата на организираниот и легализиран криминал во која секој заработува на грбот на граѓаните, ЈП Водовод и низа други, не ги наплатуваат така своите ситни побарувања. Тие испратиле барање за наплата на долг за неплатена камата во висина од 53 денари, до извшителот Весна Деловска преку зам. Извршителот Благојче Пишмановски на 24.11 2015.година (или скоро пред 10 години) која ја потврдил нотарот Џевад Бучи, и на 1.10 .2024 година (значи по 9 години) ме информираат дека за тој долг од 53 денари треба да му платам на доверителот Водовод 1183 денари и на Извршителот уште 2458 денари, или вкупна сума од 3641 денар.
Ако долгот беше 53 евра на пример, ќе требаше да платам 3641 евра или да ми биде запленет имот во таа вредност ако го имам.
Е што е многу многу е.
Каматата што ја должам била на платени сметки, само затоа што подоцна сум ги платил од рокот за плаќање и тоа за јуни 2015 година ми пресметале 19 денари камата за јули 14, за август 8 денари и за септември 13 денари.
Кога е познато дека месечната сметка за водовод е околу 600 денари, овој модел на наплата на камати за кои не си информиран 10 години и не се обиделе да си ги наплатат преку редовните сметки што 10 години од тогаш ги плаќаш е еднаков на Организиран и Легализиран грабеж, кој мора да биде оневозможен во услови кога задоцнетото плаќање сметки во многу семејства се случува заради неисплатени плати или задоцнети плати а во летните месеци и заради престој надвор од домовите во Скопје.