ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Масакрот во Зоолошката градина

October 20, 2024 12:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека во скопската Зоолошка градина било извршено „хумано убивање и нештетно отстранување на 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата“.

Значи, чавката била присутна, инаку не би ја убиле!

Хахаха!

Птицата не била членка на зоолошката партија, односно неовластено долетала од некаде и, чудно за една чавка, не успеала да се скрие зад некоја поголема птица или благовремено да одлета од местото на „нештетноста“ гледајќи во тоа бегство да испушти некоја говнеста бомба во сто нијанси сиво врз главата на некој специјалец.

За неа ми е најмногу жал затоа што е колатерална жртва на хуманоста на АХВ и нејзините државни асистенти со хумано оружје.

Сите скопски чавки, помогнати од своите роднини и пријатели од внатрешноста, во знак на одмазда, треба да ја испосерат АХВ и Владата и да ги покријат со своите говна.

Ќе бидат тоа убави скулптури.

Но, од Зоолошката градина велат дека АХВ и вооружените секунданти направиле масакар не само врз птиците од Зоолошката градина, туку и врз повеќе шатки и гуски и други украсни птици кои слободно шетаат низ скопскиот парк и имаат пристап до Зоолошката градина, а кои авторот на овие редови лично ги познава.

Можеби се  шампонирале со Алпецин браон, па се сушеле со природниот фен на скопскиот повардарец, кога од некаде упаднале инспектори на АХВ со вооружени асистенти и од езерото направиле крвава брана.

Сите биле убиени затоа што биле во контакт со  некоја угината гуска за која наводно било утврдено дека е носител на вирусот на птичји грип. Од ЗОО тврдат дека таков наод во моментот на масакрот не бил потврден ниту овој стрелачки вод имал налог и одобрение, туку само се повикувале на наредбата на директорот на АХВ.

Значи и двете страни потврдуваат дека се случил масакр со тоа што во соопштението на АХВ тоа е означено како „хумано убивање и нештетно отстранување на птиците“.

Хахаха!

Во соопштението на ЗОО се вели дека ова е резултат на секташката политика на Христијан Мицкоски за компромитација и затворање на Зоолошката градина.

Јас се залагам за затворање на сите зоолошки градини во светот, тие се остатоци од едно друго време и се страшни сведоштва за злото кое човекот ѝ ја прави на животната средина и на животинското царство како и на природата пошироко, но ми се допадна оваа оценка за секташката политика.

Дури ми прозвучи премногу благо.

Нивните идеи за затворање на Зоолошката градина немаат врска со хуманоста, туку имаат врска со просторот кој е прекрасен за некакви резиденцијални, деловни или станбени објекти.

За некои други мајмуни.

Но најмногу сакав да обрнам внимание на „могадишу стилот“ на операцијата против птиците. Тоа е стил на бандите во главниот град на Сомалија. Се карактеризира си бруталност, дрскост, игнорирање на други мислења и ликвидација на тие што се спротивставуваат.

Во скопскиот „могадишу“ идејата не е само компромитација и затворање на градината и напад врз пердувестите лепотици, туку демонстрација на моќ, сила и решителност која треба да ја разберат мртвите птици и усраните птички надвор од градината кои бараат ред и држава која има моќ и сила да ги средува работите.

Цврста рака.

Во таа смисла масакрот во Зоолошката градина беше мала мајска парада на црвениот плоштад во паркот.

Тоа беше порака дека со сѐ и секаде ќе се постапува така, начин да им се каже на пензионерите дека им е подобро да бидат задоволни со пет отсто повисоки цркавици, отколку да бидат третирани ко гуски со птичји грип или социјалдемократски тумор. Слушам дека некои пензионери и пензионерки, учителки и учители побарале платите да им се намалат за 20 отсто за да може државата да се консолидира и да е во состојба да се пребори со секакви болести и други проблеми.

Ја знаеме таа тактика од минатите власти на вмро: демонстрација на сила и сеење на страв и некоја чудна надеж дека така ќе биде подобро и дека со овој народ само така треба.

Океј, ако е вмро бордер коли, а народот овци, Македонија мора да е трло!

Трло, Мицко, трло.

Немој да ни раскажуваш дека сѐ повеќе држави ја разбираат нашата позиција за спорот со Бугарија и дека застануваат на наша страна, дека Македонија ја респектираат како партнер, а не како бескичмена творба од времето на Заев и Ковачевски, ги знаеме тие пристапи од времето кога ги броевме државите кои нѐ признале под уставното име или вучичевските егзалтации при соопштенијата дека Науру или Вануату ги повлекле своите признанија на Косово.

Ставот дека Македонија може да ги усвои уставните промени и да ги внесе Бугарите во уставот, но да важат откако Софија ќе го ратификува протоколот за полноправно членство, прво е глупав и нереален, а второ говори за нецивилизиран однос на земја кандидат за членство во ЕУ кон малцинските и човекови права. Оти тоа значи дека Македонија ќе ги исфрли Бугарите од уставот како партали ако Софија не го ратификува протоколот.

Тоа се наши граѓани, Мицко, не можат наши граѓани да ти бидат монета за паткусурување, односно да ги внесуваш и изнесуваш од уставот кога ќе ти текне или кога мислиш дека дошло време за тоа. Ко ќеса со ѓубре од домот.

Тоа како помисла и идеја е голема срамота, а како пракса ќе го оквалификувам кога ќе најдам соодветен збор. Ќе морам да го измислувам, оти сега нема збор кој може да опише такво поведение.

Ако Бугарите не го ратификуваат протоколот или имаат други барања, како што може да има и Холандија, на пример, или некоја друга членка, проблемите ќе ги решаваме на тековна основа оти, чукни ја малку главата, што ќе добие Македонија ако ги повлече уставните промени?

Ништо!

Да не речам курац!

Ти, можеби, сакаш така да биде?

А!?

Но, нам ни е јасна определбата на вмро и нацијата веќе разбира дека мора да најде друго внатрешно решение за евроинтеграциите. Ако не ги исплаши судбината на гуските од паркот. Јас им препорачувам на граѓаните да не носат пердуви во ободот на своите шешири. Власта нема да ризикува да го анализира пердувот, па да утврди дали во него има птичји грип, туку ќе го ликвидира граѓанинот како гуска и ќе соопшти дека извршила „нештетно“ отстранување на еден човек.

П.С.

Мислам дека никој не е против регуларните постапки за утврдување на вирусот, ниту против потребата во случај на позитивни наоди да се усмртат одреден број птици, но не филмски, не парадно со акцент на убијците, а не на вирусот.


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post
Getty Images

„Хет-трик“ на Меси за 11 минути: Њу Ингланд го налути Аргентинецот

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk