Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Толку од гордоста предизборна, за 100 и помалку дена се стопи постизборно како лански снег, се стопи како лански снег како кај партијата, нели најпатриотската, така и онаму кај актуелноно Водно па и овие од долу и таа од горе, си ја голтнаа жабата, онаква лигава и на живо како што впрочем, докажано, и доликува на политика без образ и која е мошне вешта да си ги апсорбира, и кај јавноста гласачка наивна, да си ги неутрализира таквите и слични стомачни мачнини како оваа со гордоста и како онаа со преспанскиот и како онаа со северна и како онаа со францускиот и како онаа со рамката и како онаа со пругата кон исток и како онаа со учителските од 12 на 5% и како онаа со минималната и како …, и како и …, и кажано во една реченица, забавата со писмото до ЕУ заврши – почнува вербалната еквилибристика за забошотување на ветувањата изборни за гордостите постизборни.