Дипломатската патна исправа на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини е повлечена од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, потврдуваат за МИА од МНРиНТ.
Од министерството, напоменуваат дека од стапување во функција на новата Влада, до денес повлечени се вкупно 230 дипломатски патни исправи.
-Дел од наведените патни исправи биле дадени врз основа на дискреционо право на претходниот министер, а дел се однесуваат на поранешени функционери на кои им престанале мандатот и правото за поседување дипломатска патна исправа, се вели во одговорот на МНРиНТ.