ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Претседателката Сиљановска за помилувањата сега гледа оти „личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот“

October 23, 2024 16:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со помилувањата на осуденици и реакциите за дел од нив денеска во јавноста, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека сега гледа оти „личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот“, но дека Kомисијата за помилување се водела од конкретни дела и дека, иако таа потпишува одлуки и таа го има последниот збор, нема да се меша директно во нејзината работа.

Претседателката за ТВ21 изјави дека кога ја конституирала Kомисијата за помилување, за која рече дека е составена од врвни експерти во оваа област и познавачи, рекла дека ќе ја почитува нивната работа. Како што рече, кога се даваат коментари, се заборава дека се анализира, пред се, делото.

-Јас веќе и имињата не ги знам, да бидам искрена, меѓутоа кога јас ги потпишав овие одлуки се водев од тоа дека во првиот случај, не го знам ни името како беше, делото е, пресудата е една година и три месеци и делото се однесува на неовластено поседување на оружје и на пет куршуми. Тоа е делото. Веројатно тие се воделе од ова. Да личноста, знам која е таа личност, но јас зборувам за работата на комисијата. Кај вториот случај се работи за дело кое е врзано со насилство или на некоја наплатна станица некоја тепачка и казната е шест месеци. Веројатно тие се воделе од ова заменувајќи ги обете, кај првата е година и три месеци, значи кога ги замениле овие казни со условна од три години. Да, личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот, тоа е факт, сега гледам јас тоа, но јас велам дека тие се воделе од конкретните дела. Претпоставувам дека има начин значи да се санкционира бидејќи да било делото членство во злосторнички здруженија и јас не знам какви опасни веројатно поинаку би било. Значи јас почитувам знаење, да, јас потпишувам одлуки, меѓутоа јас велам дека никогаш директно нема да се мешам во работата на комисијата. Точно е дека го имам последниот збор, но молам да се има ова во предвид, изјави Давкова за ТВ21.

Претседателката вчера донела одлука за помилување десет осуденици, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, Шенол Маслани од Арачаиново, за кој медиумите објавуваат дека е брат на Шенки Версаче, Акиф Раваманоски, член на наркокланот „Барон“, и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“.

Поврзано: 

Амнестирани криминалци и нарко босови, Сиљановска на денот на револуционерната борба го „почести“ со слобода припадникот на кланот Барон

Tags: Гордана Сиљановска ДавковаПомилувања
Next Post

Масовно труење со храна во повеќе франшизи на Мекдоналдс во САД: Едно лице почина, десетици заболени

Shortcut

Најново

Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk