Дезинформација е дека претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен беше уапсена во Европскиот парламент како што се споделува на социјалните мрежи.
Профилот на Х мрежата што ја шири оваа лажна вест според објавите е поддржувач на претседателскиот кандидат на САД, Доналд Трамп.
Всушност се работи за фотомонтажа, односно оригиналната фотографија е направена во САД, кога е уапсена една жена бидејќи одбила да носи маска за време на училишна седница.
Кејт Боси, која првично беше обвинета за непристојно однесување поради пркосење на политиката за носење маски поради корона вирусот во мај 2021 година.
Преземено: Цивил Медиа