Камала Харис, потпретседателка на САД и демократски претседателски кандидат, одржа синоќа голем митинг на местото пред Белата куќа наречено Елипса, истото место од каде нејзиниот ривал, поранешниот претседател Доналд Трамп на 6 јануари 2021 година, повика толпа свои подрржувачи да упаднат во Капитолот на САД.
Пред десеттина илјади свои подржувачи, Харис повика на промени и „нова генерација лидери на Америка“.
-Предолго сме конзумирани во хаос и заемна недоверба,. Да запреме со вперување на прстите и да ги вкрстиме рацете. Време е за свртување на страницата и на нова генерација лидери во Америка, изјави таа.
Харис исто така рече дека ќе бара општ јазик за сите, „додека Трамп нуди повеќе хаос“. Таа повика дека ќе се застапува и за незадоволните републиканци и за сите останати кои не гласале за неа, наспроти нејзниот ривал кој ги критикува и исмејува.
-Тој е обземен од одмазда и конзумиран од жалби, изјави Харис за Трамп. -Ветувам дека ако бидам избрана, ќе бидам претседател за сите Американци, повика таа.