ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Протест на државните правобранители, бараат повисоки плати, во спротивно ќе се блокира експропријацијата

October 30, 2024 14:13
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку не се исполнат барањата на УПОЗ, решавањето на предметите за експропријација на имоти низ кои поминуваат коридорите 8 и 10 ќе бидат блокирани, ова го најави првиот човек на синдикатот Трпе Деаноски. Протестот кој започна денеска и се однесува сите подрачни единици, велат, е одраз на незадоволство од неисполнетото барање за покачување на додатокот на плата.

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски на прес-конференција по средбата со членовите на синдикалната организација напомена дека доколку платите не им се покачат платите ќе стапат во штрајк. Тоа, според него, ќе значи и застој во решавањето на предметите поврзани со експропријацијата на парцели низ кои минуваат, автопатските сообраќајници кои се градат.

Деаноски најави дека протестите кои ќе траат по два часа во текот на денот и нивна цел е да се прифати единствено барање за исплата на додаток на плата во висина од 30% на платата.

– Претставници на Владата пред некој ден токму во Гостивар, изјавија дека до нова година ќе се завршат сите постапки за експропријација и дека само за два месеци се завршени 2.432 предмети за експропријација. Само во Гостивар се завршени 1.300 предмети и уште две илјади други. Постапките се само дел од работните задачи на вработените кои се адвокати на државата. Нивната основна задача е да ги штитат интересите и имотот на државата. За жал во изминативе години таа заборави на нив, рече Деаноски.

Тој посочи дека од постапките за експропријација зависи и рокот за изградбата на автопатиштата, а нив како што нагласи ги водат вработените во Државното правобранителство.

Првиот човек на УПОЗ напомена дека до сега биле побарани средби со владини претставници за нивните барања, но сè уште не добиле одговор.

Од Министерството за транспорт и врски инфромираа за напредокот во процесот на експропријации на парцели за изградба на “Коридор 8” кој според нив во овој период бил интензивен.

Во државните правобранителства има 118 вработени кои примаат околу 28 илјади денари.

– За овој голем проект потребна е експропријација на 4032 парцели, а ние со гордост кажуваме дека до денес сме успеале да експроприерираме 2432 од нив, што е над 50%. Овој резултат јасно ја покажува посветеноста и ангажманот на целиот тим и напредувањето со брзо темпо кон реализацијата на овој важен коридор за Северна Македонија, стои во информацијата од кабинетот на Калтрина Зеколи Шаќири Заменик министер на Министерство за Транспорт и врски.

Tags: државни правобранителипротест
Next Post

Евроамбасадорот Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2024

Shortcut

Најново

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk