ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Кузеска: Фијаско на замрзнатите маржи – Владата без решение за високите цени

November 1, 2024 12:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Сведоци сме на уште едно разочарување од страна на Владата на Мицкоски. Со голема помпа најавената мерка за замрзнување на маржите требаше да биде спасот за граѓаните од виоките цени. Мерката заврши а граѓаните не ја ни почуствуваа дека постоеше. После еден месец од примената на оваа мерка, граѓаните почувствуваа само разочарување. Синдикалната кошничка се намали за симболични 57 денари – толку се „заштедило“ за еден месец. По ова легитимно е прашањето, дали ова е сериозна економска политика или само замајување на јавноста?, истакна на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Таа истакна дека цените во маркетите за најголемиот дел од производите останаа исти. Неколку производи се намалија за незначителни суми, но тоа граѓаните не го почувствуваа. Ова не е случајност, неефикасната мерка е последица на лошото и непромислено работење на Владата, рече Кузеска.

Мерката не беше добро подготвена, нагласи Кузеска, а Владата им дозволи на трговците прво да ги зголемат цените пред нејзиното стапување во сила.

„Нереалните трошоци кои ги имаат граѓаните заради слабите политики на Владата и нереалните цени се товар семејствата и родителите секој ден. Просечната плата, наместо да расте, се намали за 1.000 денари, а четиричлено семејство има потреба од најмалку 61.249 денари за основните потреби. Граѓаните се принудени да одбираат – дали да купат основни прехранбени производи или да ги платат сметките? Секој ден е битка за достоинствен живот, а оваа Влада не понуди никакво решение, ниту план. Граѓаните заслужуваат стабилност и поддршка во овие тешки времиња. Затоа, поднесовме Закон за зголемување на минималната плата на 450 евра, но Владата го одби. Одбивањето на оваа мерка е истовремено одбивање на пристоен живот за илјадници наши сограѓани. Ќе продолжиме со нашата борба и повторно ќе го поднесеме Законот, затоа што подобриот животен стандард не е луксуз – тоа е право на секој граѓанин. Сега, кога Владата покажа дека нема ниту стратегија, ниту волја да ги реши овие горливи проблеми, СДСМ најавува дека ќе поднесеме закон за вистинско намалување на цените. Ова нема да биде уште една мерка за „мачкање очи“ – ова ќе биде вистинска и реална мерка за намалување на цените. Нема да дозволиме нашите граѓани да бидат жртви на празни ветувања и политички манипулации. Секој човек е важен – секој родител кој се труди да ги нахрани своите деца, секој млад кој сака да остане во земјата и да гради своја иднина тука, секој пензионер кој треба да ужива во плодовите на својата работа. Граѓаните заслужуваат Влада која ќе работи за нив, која ќе покаже одговорност и посветеност. СДСМ е тука за секој од вас, и нема да запреме додека не обезбедиме подобар живот за сите“, истакна Кузеска.

Денеска заврши мерката за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи што беа опфатени со есенската потрошувачка кошница. Одлуката ја донесе Владата во втората половина на септември, а со неа беа опфатени 73 основни прехранбени производи на кои бруто профитната маржа им беше ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало.

Од Сојузот на синдикати на Македонија каде ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошница со показатели колкави се минималните трошоци на едно четиричлено семејство велат дека мерката на Владата не ги дала посакуваните резултати затоа што трговците ја изиграле.

Tags: мерки ВладаСДСМцени
Next Post
Фотомонтажа: Фронтлајн

Проф. Селими за предлог-буџетот: Проблематичен за реализација - големи владини желби за малата македонска економија!

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk