ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

МОН објави конкурс за доделување 3000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година

November 1, 2024 13:31
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука информира дека e објавен конкурсот за доделување 3000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година. Аплицирањето е исклучиво електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а рокот е заклучно со 15 ноември 2024.

За редовни студенти од социјалните категории се наменети 1470 стипендии. За студентите од научните подрачја на техничко-технолошките науки, биотехничките, општествените и хуманистичките науки, кои постигнале висок успех во текот на студиите, предвидени се 770 стипендии, додека 85 стипендии се обезбедени за студенти запишани на студиски програми по информатика.

По 15 стипендии се наменети за студентите запишани на студиски програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности; студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија; студиски програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно.

Предвидени се 500 стипендии за студентите запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од првата до тековно запишаната студиска година најмалку 7,65.

Вкупно 130 стипендии ќе користат студенти запишани на студиски програми по хемија, физика, математика, земјоделските, ветеринарните и шумарските науки, а 30 стипендии се наменети за студенти кои се запишат во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование.

Сите категории на стипендии се доделуваат за девет месеци во текот на студиската година и во износ од 6.050 денари, со исклучок на стипендиите за студиските програми по хемија, физика и математика, како и за земјоделските, ветеринарните и шумарските науки кои изнесуваат 18.000 денари месечно.

-Министерството за образование и наука ги повикува сите студенти да ги разгледаат условите и критериумите наведени во конкурсот и доколку ги исполнуваат за одредена категорија на стипендии, да ги поднесат потребните документи. Дозволено е аплицирање само за една категорија на стипендии, информира МОН.

Tags: МОНстудентски стипендии
Next Post

Грчки медиуми: Мицкоски инсистира на терминот Македонија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk