Уште една потврда дека коцкарските бизниси имаат сериозно влијание врз политиките на ДУИ. Затоа, покерските блефови на Ахмети не треба да се сфаќаат сериозно, реагираат од Коалицијата ВЛЕН.
„„Коалицијата ВЛЕН му порачува на Ахмети, наместо да ги храбри уплашените поранешни функционери со лажни барања за предвремени парламентарни избори заедно со локалните нека се посвети на внатрешни кадровски и програмски реформи. Сепак, ако навистина сака предвремени парламентарни избори, прво нека депонира писмена гаранција
дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката, за да не трошиме народни пари за проблемите на Ахмети и Села да спречат распаѓање на нивниот таканаречен фронт“, се наведува во соопштението од ВЛЕН.
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, на средбата со граѓаните на општина Боговиње изјави: „Самиот Мицкоски вчера побара оддржување на предвремени парламентарни избори со локалните следната година во Октомври, тогаш нека се подготви добро за догодина“.
Ахмети меѓу другото рече дека ја поддржува идејата на премиерот Мицковски во октомври следната година заедно со локалните избори да се одржат и парламентарните избори.
.