ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Путин доживеа нов голем пораз, овој пат во Молдавија, откако про – ЕУ кандидатката Маја Санду победи на изборите

November 4, 2024 13:36
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Рускиот претседател Владимир Путин има навистина лош период последниве недели. Кликата собрана околу диктаторот од Кремљ повторно доживеаја неуспех. Овој пат тоа е Молдавија, каде Русија, која наводно, пред две недели беуспешно потрошила 15 милиони долари за да ги поткупи молдавските гласачи да не гласаат за придвижување на змјата кон членство во Европската унија, сега не успеа да ги убеди да гласаат за нивниот кандидат на вториот круг од претседателските избори.

Неуспешниот план за поткуп го извршил молдавско-израелски индустриски магнат Илан Шор, кој од молдавските власти е обвинет за перење пари и оркестрирање на субверзивна мрежа, и покрај тоа што неговата политичка партија е забранета во Молдавија.

Сепак, шемата на Путин со руски рубљи за гласови во Кишињев не успеа. Официјалните резултати на молдавската влада укажаа на победа од 50,46 наспроти 49,54 отсто за промена на уставот за приближување кон Европската Унија пред две недели, и ососбено откако актуелната молдавска претседателка Маја Санду на вчерашните избори успеа да го освои вториот претседателски мандат.

Во тесното и неизвесно гласање во вториот круг од изборите, откако Александр Стојаногло, кој беше поддржан од проруската Партија на социјалистите и вети поблиски односи со Москва, рано го презеде водството, по преброените над 90 отсто од гласовите Санду го презеде водството кое го задржа до крајот на пребројувањето, истото постојано раснеше, за на крајот, според ажурираните податоци на  Централната изборна комисија, по преброени 99,86 отсто од гласовите, Санду да победи со 55,41 % од пребројаните гласови наспроти 44,59 отсто на противкандидатот поддржан од Русија.

За време на гласањето, советникот за национална безбедност на претседателката рече дека имало „масовно мешање“ од Русија во изборниот процес во Молдавија што имало „висок потенцијал да го наруши исходот“, кое Санду го нарече „руска специјална операција“.

Валидноста на тврдењето на Санду уште за гласањето на реферебдумот одржан заедно со првиот кугпретседателски избори ја потврди портпаролот на ЕУ, Питер Стано.

„Ова гласање се одржа под невидено мешање и заплашување од страна на Русија и нејзините полномошници, со цел да се дестабилизираат демократските процеси во Република Молдавија“, рече тој.

Русија го негираше обвинението, барајќи докази за поддршка на нејзините тврдења. Тие докази беа презентирани набргу потоа, кога репортер на Би-Би-Си интервјуираше жена на избирачко место за жителите на отцепениот регион Приднестровје, која рече дека и биле понудени 1.000 рубли за да гласа против референдумот и Санду.

Претседателката Маја Санду и самите Молдавци успеаја да ја оттргнат земјата од рускиот свет на Путин, барем што се однесува на овие избори, и сега имат отворен пат кон преговори за членство во ЕУ, со што же ја потврдат заложбата на прогресивните сили во земјата конечно да стават крај на деструктивното руско влијание и понатаму да се развива како модерна европска демократија.

Сепак, на Путин засега му останува Грузија, на чии парламентарни избори одржани на 26 октомври победи про-руската владејачка партија Грузиски сон на грузиски олигарх Бидзина Иванишвили, поранешен премиер на Грузија и основач на партија, кој ефективно ја контролира грузиската економија со неговото богатство направено додека живеел во Москва.

Но, и тука не оди се така мазно. Грузиската про=западна опозиција и претседателката Саломе Зурабишвили  одбија да ги признаат резултатите, обвинувајќи за руско мешање и изборен фалсификат и повикаа на протести, а грузиското обвинителство отвори истрага за наводното фалсификување на парламентарните избори. Ентузијазмот е очигледен на улиците на Тбилиси, каде беа забележани десетици илјади про-ЕУ демонстранти.

Набљудувачите на изборите пријавија низа прекршувања низ целата земја, од полнење на гласачки ливчиња во избирачките места до заплашување на гласачите надвор. Во пресрет на гласањето, грузиска мониторинг група ја истакна руската кампања за дезинформации насочена кон изборите.

Очигледно е дека Путин нема да се помири со губењето на руските сфери на влијание, особено од оние за кој сметаше дека му се „во сопствениот двор“, и токму затоа оваа загуба му паша особено тешко. Она што е сигурно е дека нема ткаѓе од овие територии, и се очекува руските пропагандисти уште по жестоко да ги спроведуваат своите операции на дезинформации и пропаганда од хибридната војна насочени кон демократските институции во овие две поранешни советски републики.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на авторот

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Избори Грузијаизбори Молдавијаруско мешање
Next Post

„Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ на 20 декември во арена „Борис Трајковски“

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото: Народна банка

Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk